Баклава со кадаиф – за сите љубители на шербетни колачи со ореви

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Потребни состојки:

500 г кори
500 г свеж кадаиф
500 г мелени ореви
200 г сечкани ореви
100 г гриз
100 г шеќер
1 лажиче цимет
½ лажиче мускантно оревче

За полевање:

250 г путер
150 мл масло

За шербет:

6 чаши (од 200 мл) шеќер
4 ½ чаши вода
½ лимон – сок

Постапка:

Корите се делат на два дела а исто така и мешавината се дели на два дела.

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)

Од првиот дел, две кори се редат на намастена тепсија, се наросуваат со мешавината од мелени ореви, гриз, шеќер, цимет и мускантно оревче, па се продолжува постапката додека да се потрошат сите кори од првата половина.

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)

Се реди кадаифот, се наросува со сечкани ореви, па се продолжува со втората половина од корите по истата постапка како и за првата.

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)

Баклавата се сече на коцки, секое парче се прелива со помешаните мало и растопен путер.

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)

Загреаната рерна на 200 степени се намалува на 150 степени, па се става баклавата на печење. Се пече 1,5 час (час и половина). Следниот ден се прелива со врел шербет кој треба да врие 5 минути.

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)

Фото и рецепт: Елена Мишковска

баклава со кадаиф (Фото и рецепт: Елена Мишковска)
Претходна статијаСлатко од вишни – без конзерванси
Следна статијаБрза торта со кајсии, нежна и мека како памук