Слатко од црвени цреши превкусно како мед – со трик како полесно да се исчистат од семките

Денес правиме слатко од цреши. Дедото од видеото кој помага во чистење на црешите користи виљушка на која двете крајни боцки се свиткани. Чистењето навистина оди брзо. За слаткото се користат бели, но ако немате од оваа сорта, тогаш користете розово-црвени, малку потврди цреши.

Потребни состојки:

800 г исчистени цреши, без семки
1 кг шеќер
1 лимон
2 ванилин шеќер
250 мл вода

постапка:

Во едно тенџере ставете еден килограм шеќер и 250 мл вода, па откако ќе проврие варете го 10-тина минути за да се згусне шербетот. Сирупот треба да биде густ за да немате потреба подоцна подолго да го варите слаткото, а црешите да ви се преварат.

Ставете ги црешите и со шпатула малку промешајте. Додадете и половина лимон исечкан на тркалца и ванилин шеќер. Повеќе не го мешајте слаткото, туку протресувајте го тенџерето.

Додека се вари слаткото тргајте ја пената. Пред крај додадете рендана кора од лимон и втората половина од лимонот, исечкан на тркалца. Лимонот, секако, се додава по вкус.

Варете го слаткото на повисока температура додека сирупот да почне да згуснува, малку поретко од мед. Слаткото е готово кога сирупот од лажицата не тече во еден млаз, туку во прекини, т.е. во капки.

Вареното слатко покријте го со влажна крпа и оставете да излади, а потоа складирајте го во чисти стаклени тегли.

Деталите од приготвувањето можете да ги погледнете во видеото:

Претходна статијаЛична приказна – Како на нашиот тригодишен Лука му ја излекувавме кандидата од која беше болен
Следна статијаНајсилниот природен лек на светот – рецепт стар со векови за лекување на алергија