СЛАТКО ОД ДИВИ ЗЕЛЕНИ СМОКВИ: Омилено му е на сопругот, кога се готви целата куќа мириса прекрасно

Искористете ги преостанатите смокви и направете слатко, без разлика од кој вид е дрвото. Ние во дворот имаме дива смоква која со вкусот не заостанува зад питомата, а кога ќе узрее дури е и послатка.

Ова е омиленото слатко на мојот сопруг. Oваа година го направив специјално за него. Сите го сакаме дома и веќе е речиси изедено, ќе морам да направам уште една дoза. Сите пријателки ми побараа рецепт за него, затоа решив да го споделам со вас.




Рецептот е многу едноставен, но не е на одмет да си го повториме бидејќи слаткото од диви смокви е најбараниот десерт при крајот на летото или почетокот на есента, кога всушност се собираат смоквите. Еве кои состојки ви се потребни за да го направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг зелени смокви (диви). ЗА ШЕРБЕТ: 2 литри вода, 2 кг и 200 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 2 лимони.




ПОСТАПКА: Измијте ги смоквите, исечете ги горните и долните врвови на секоја смоква. Секоја смоква боцнете ја на две места со игла за плетење. Смоквите се ставаат во тенџере, се налеваат со ладна вода и се оставаат да се варат 9 пати менувајќи ја водата (во девет води).




Јас готвев во две тенџериња паралелно, додека во едното тенџере се варат смоквите, во другото се става вода да зоврие, па ги префрлав од едното во другото и сè така наизменично. На тој начин оди многу побрзо. Потоа исцедете ги смоквите во цедалка и оставете ги да отстојат додека го подготвувате шербетот.




ЗА ШЕРБЕТОТ: Во сад се става шеќерот, се налева ладна вода и се става на шпорет да се готви, не премногу долго за да не стане многу густ. Ставете ги смоквите во шербетот и оставете ги да се сварат во него, оставете ги убаво да се сварат.




Околу 5 минути пред крајот на готвењето додајте ги исечканите лимони и ванилиниот шеќер. Кога слаткото ќе зоврие, тргнете го тенџерето од шпорет и покријте го со влажна кујнска салфетка или крпа (натопена со ладна вода, исцедена и истресена), па оставете вака да отстои околу 10 минути.




Потоа повторно ставете го тенџерето на шпорет и оставете го повторно да зоврие. Ова е добро за секој десерт бидејќи овошјето си испушта дополнително вода додека стои под крпата, па кога ќе се врати на оган, сокот ќе се свари по потреба, ќе испари вишокот вода и никогаш нема да се расипе или „зашеќери“.




Повторно тргнете го шпоретот, ако има пена извадете ја со лажица. Оставете го покриеното тенџере со влажната крпа да отстои преку ноќ. Утредента ладното слатко внимателно складирајте го во теглите (чисти и суви) и добро затворете ги.




Оставете ги на ладно место. Слатките смокви се поубави кога ќе отстојат малку, но ние дома сме нестрпливи и не успеавме да почекаме, речиси целото е изедено. Од оваа количина на состојки наполнив 4 тегли од по 400 г. Во теглите може да ставите и неколку оревчиња. / Сoolinarka.сom

Претходна статијаСЛАТКО ОД СЛИВИ ПОЛНЕТИ СО ОРЕВ ИЛИ БАДЕМ: Само што го направив го изедовме целото, сега правам ново
Следна статијаКОЦКИ СО КИКИРИКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Милина за душата, овие колачиња се прават од 3 состојки