СЛАДОЛЕД ТОРТА СО ТРОШКИ И ДОМАШЕН КРЕМ…Без рерна и миксер, лесна за правење – лесна и вкусна…лапни-голтни, се топи во уста…

За оваа интересна торта не треба да ја вклучувате рерната ниту миксерот. Се состои од неколку редови „трошки“ прелиени со вкусен крем, а ваквиот вид на торта сигурно веќе ви е познат.

Мелени кекси прелиени со малку путер ја прават основата, а кремот се прави од зготвен ванила пудинг во кој се растопува путер и бело чоколадо.

Но, овде имаме нешто сосем друго, „трошки“ што сами ги приготвувате од брашно и путер и нежен, и вкусен крем кој според вкусот потсетува на сладолед. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап за торта 20 см): 150 г путер, 80 г шеќер, 250 г брашно.

ЗА КРЕМ: 150 г шеќер, 50 г путер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1-2 лажици пченкарен скроб/густин/нишесте, 500 мл густ (грчки) јогурт или павлака со 20 % мм, 2 јајца

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете брашно и додајте шеќер, а потоа вмешајте го путерот претходно омекнат на собна температура.

Најпрво мешајте со лажица или виљушка, а потоа добро измесете ги состојките низ прсти додека да добиете трошки со најситна гранулација.

Добиената смеса, односно трошките добиени од брашно и путер ставете ги во голема нелеплива тава, па започнете да ги печете на умерена температура со непрекинато мешање. Многу е важно температурата да не е превисока и континуирано да мешате.

„Трошките“ се истостирани кога ќе добијат бисквитна боја, односно златно-медена боја.

Кога се готови тргнете ги од оган и веднаш претурете ги во некој друг сад (ако ги оставите во загреаната тава ќе продолжат да се печат) и уште малку промешајте ги. Тргнете ги настрана да се ладат додека го приготвувате кремот.

ЗА КРЕМ: Во едно тенџере скршете две јајца, додајте го шеќерот и ванилин шеќерот, омекнатиот путер и павлаката, па изматете со жица маталка додека сите состојки да се поврзат во изедначена смеса.

Во добиената смеса додајте една преполна до врз лажица скроб/нишесте или две средно полни лажици, па добри разматете ги за да нема грутчиња.

Ставете на оган и загревајте на умерена температура. Иако на почеткот ќе ви се чини дека е нешто потечна од пудингот на пример, сепак, кога ќе се олади смесата ќе биде густа.

Калапот за торти со флексибилен обрач обложете го на дното и страните. Изладените „трошки“ поделете ги на пет делови. На дното наросете една петина од трошките, натапкајте добро, па прелијте со четвртина крем.

Продолжете го редењето „трошки“ – крем, па поклопете одозгора со хартија или фолија и потиснете со чинија.

Тортата оставете ја во фрижидер да се стегне преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.