Многу вкусни коцки во кои ќе уживате.

Потребни состојки:

7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
2 лажици масло
1 прашок за печиво
1 жолчка

За фил:

6 жолчки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
750 мл млеко
250 г маргарин или путер
2 ванилин шеќер

за преливање на кората:

250 мл ладно млеко
1 кесичка ванилин шеќер

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот, па додадете брашно помешано со прашок за печиво, масло и додадете жолчка (жолчката ја додавам, бидејќи ја прави кората многу мека, а сепак таа останува бела).

Смесата за кора излејте ја во плех 35х25 см претходно обложен или намастен и набрашнет, па ставете да се пече во загреана рерна 200 степени, околу 15 минути.

Додека се пече кората, ставете брашно, жолчки, ванилин шеќер и шеќер со малку млеко. Промешајте да нема грутчиња, па полека во тенок млаз додадете во останатото зовриено млеко. Мешајте постојано додека филот да се згусне (на многу тивок оган, не смее да загори), а потоа тргнете го на страна и оставете да се олади.

Изладениот крем од жолчки соединете го изматениот путер.

Испечената кора прелијте ја со ладно млеко помешано со ванилин шеќер. Оставете кората да излади и да го впие целото млеко. Потоа нанесете го изладениот фил.

Одозгора декорирајте со изматен шлаг или растопено чоколадо.

Coolinarika.com