Идеален појадок за 25 минути: Триаголници со сирење и специјален сос

Триаголници со сирење и сос од краставички.

Потребни состојки:

6-7 листови кори за пита (готови или домашни)
400 г свежо сирење
1 јајце
1 лажица кисела павлака
сол по вкус

за премачкување:

1 јајце
3 лажици масло
3 лажици јогурт

за сос:

Loading...

1 мала краставичка
1 чешне лук
500 мл јогурт
сол, црн пипер по вкус

Постапка:

Соединете ги сирењето, јајцето, киселата павлака и солта. Посебно изматете го јајцето, маслото и јогуртот – за премачкување на корите.

Сите кори исечете ги на 4 ленти. На работната површина редете ги исечените ленти, па премачкјате ги по цела должина со смесата за премачкување.

Преклопувајте ги две по две лентите. На едниот крај ставете 1 лажица фил со сирење. Преклопете како триаголник и продолжете со преклопувањето, обликувајќи ги триаголниците.

Редете ги готовите триаголници на намастен плех. На ист начин пригответе ги и останатите триаголници, додека да се потрошат состојките. Намастете ги малку одозгора и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете ги додека да заруменат, а потоа оставете ги неколку минути да изладат.

Послужете ги сос: Ситно изрендајте ја краставицата и лукчето, прелијте со јогурт, посолете и запиперете по вкус. Сето убаво соединете го и оставете го да излади во фрижидер барем половина час пред послужувањето.

Loading...