Слабеење со сода бикарбона – мастите се топат со брзина на светлината (рецепти за совршено тело)

Слабеењето со сода бикарбона е најевтиниот начин кој можете да си го обезбедите. Оваа состојка ја има речиси во секое домаќинство, достапна и евтина. Содата се покажа како добар сојузник во отстранувањето на акумулираната маст.

Во продолжение прочитајте 4 одлични рецепти од кои можете да го оберете оној кој вам најмногу ви одговара.

Рецепти за слабеење со сода бикарбона

РЕЦЕПТ 1: Сода бикарбона и јаболкова киселина

Во една висока чаша ставете 1 супена лажица јаболкова киселина и половина лажичка сода бикарбона. Смесата ќе запени, но не користете додека да исчезнат меурчињата. Потоа додадете 230 мл вода, промешајте и веднаш испијте.

Напитокот се пие само наутро на гладно во текот на една седмица. Се прави пауза од три дена, па се повторува.

РЕЦЕПТ 2: Сода бикарбона и лимонов сок

Ова всушност е најпознатиот рецепт за алкализација. Земете една голема чаша и ставете една лажичка сода бикарбона. Додадете сок од еден свеж лимон и 250 мл вода.

Напитокот се пие наутро на гладен стомак. Не треба да го користат луѓе со висок крвен притисок, болести на бубрези и проблеми со желудникот.

РЕЦЕПТ 3: Сода бикарбона и овошје

Направете напиток од микс од бобинки по избор (јагоди, боровинки, аронија, рибизла, малини…). Бобинките се извор на антиоксиданти, богати се со растителни влакна и содржат богатство од витамини.

Состојки: 250 г јагоди (или овошје по желба), сок од 2 лимони, 2 чаши ладна вода, 2 лажички сода бикарбона, неколку листови свежо нане. Изблендирајте ги состојките додека да добиете изедначена смеса. Се пие 3 седмици наутро на гладно.

РЕЦЕПТ 4: Сода бикарбона и цитрус

Состојки: 2 грејпфрути, 2 портокали и 1 лажичка сода бикарбона.

Исцедете го сокот од овошјето,а потоа додадете сода бикарбона. Добро промешајте и по потреба додадете вода. Пијте една седмица со три дена пауза.

Пред консумација посоветувајте се со вашиот лекар.

Претходна статијаРецепт од монахињи за лековит мевлем за сите кожни болести со Божја молитва од Марковиот манастир
Следна статијаДесет килограми помалку за две недели: Диета со варени јајца гарантира неверојатни резултати