Важно е да знаете дека варените јајца во некои оброци може да ги замените со некои други извори на протеини, односно со посно месо или риба.

Од зеленчук, дозволено е она кое не содржи скроб, оа од овошје, може да го јадете она кое има низок процент на шеќери.

Заговорниците на оваа диета гарантираат дека може да се ослабе и до 10 килограми за две седмици.

Меѓутоа, треба да знаете дека ова е многу рестриктивна диета и дека не смее да се применува предолго. Цели групи намирници се целосно исклучени и затоа треба задолжително да се консултирате со лекар пред да се одлучите да започнете со диетата.

За појадок се советува да изедете барен две варени јајца со варен зеленчук како што е блитва или спанаќ и салата од домати. Од овошје може да изедете грејпфрут.

За ручек или вечера може да изедете варено или печено месо – пилешко или риба, со зелен зеленчук. Дозволено е и парче многу посно јунешко или свинско (кртина без сало).

Од зеленчук и зачини може да консумирате тиквички, рукола, пиперки, брокула, лук, босилек, куркума, рузмарин и оригано.

Овошје со низок процент на шеќер вклучуваат цитрусни плодови, бобинки, некои видови јаболка.

Од пијалаци дозволени се вода, чај или кафе без шеќер.

Од масла дозволени се кокосово и маслиново, а повремено и мала количина на путер.

Повремено може да консумирате ферментирани млечни производи со низок процент на масти.

ОДБЕГНУВАЈТЕ: индустриски преработена храна, леб, печива, суво овошје, банани, компир, газирани и било какви купечки пијалаци како и алкохолни пијалаци.

Искуствата покажуваат дека кај лица со индекс на телесна маса од 25 значително им се забрзал метаболизмот благодарение на оваа диета. Исто така, се намали и хормонот на глад, грелинот.