Ова е докажан тренинг кој ги разбива грутките од целулит – единствениот начин за да се ослободите од кожата со изглед на кора од портокал – засекогаш!

На крајот од текстот погледнете го и видеото со објаснувањето за вежбата. Со оваа единствена вежба, целулитот ќе стане ваше минато.

Ако во вашето секојдневие ја воведете оваа вежба, со целулитот никогаш повеќе ќе немате проблеми. Најдобрата работа е што оваа вежба е многу ефикасна, но и многу едноставна за изведување.

Со скокање на јаже било утврдено дека најлесно се ослободува од кожата со изглед на кора од портокал и тоа за многу краток временски период.

Целулитот кај голем број жени им причинува првенствено естетски проблем, но тој може да го наруши и здравјето на лицето кај кое го има во големи количини.

Мускулите на тоа место стануваат нееластични, атрофични, и се создаваат затнати лимфни јазли кои ја успоруваат нормалната циркулација.

Целулитот многу тешко се отстранува, а речиси единствен начин за да се елиминира овој проблем е скокање на јаже. Еве како оваа физичка активност делува:

Оваа вежба го активира секој мускул на телото, што не е можно да се постигне со ниедна друга вежба. Со самото тоа започнува разградувањето на масните наслаги, а покрај тоа се зголемува кондицијата и издржливоста.

За да се разбие целулитот потребна е вежба со висок интензитет, а прескокнувањето на јажето е токму една таква вежба. Се прават микро потресувања на телото со секој скок, при што се растресува ткивото, се зголемува циркулацијата и исхранетоста на мускулите, зглобовите и кожата. На тој начин кожата се прочистува.

Пожелно е да се изведува 10 минути секој ден во првата седмица, а потоа да се зголемува брзината и времетраењето на изведувањето. Погледнете го видеото: