СИТНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВ: Најлесниот рецепт што постои, а се добиваат цела планина неодоливи орев коцки – секој залак се топи во уста

Ова се старински ровки орев коцкички направени по рецептот на нашите баби. Одлични се за секој ден, но може да ги приготвувате и за некоја свечена пригода како ситни колачи. Се топат во уста, а секој залак е вистинско задоволство за сите љубители на оревот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 200 г несолен путер, 60 г шеќер во прав, 300 г остро брашно, 1 лажичка цимет во прав, 1 супена лажица рум за арома. ЗА ФИЛ: 300 г ореви, 200 г шеќер, 150 мл врело млеко, 1 лажица рум, 1 лажичка цимет. И уште: шеќер во прав за наросување (количината на шеќерот во филот може да се намали по вкус)




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад исечкајте го путерот на коцкички и оставете го да омекне на собна температура. Потоа додајте 60 г шеќер во прав, малку арома од рум (една лажица или по вкус), малку цимет (една лажичка) и започнете постепено да го додавате острото брашно.




За да биде тестото ровко потребно е да користите остро брашно, а не меко. Ставете приближно две третини од вкупната потребна количина, а остатокот од брашното употребете го за домесување. Тестото се меси со рака додека сите состојки да се соединат во компактно, мазно тесто.




Ќе добиете фина мазна топка која е потребно да се завитка во кеса или проѕирна-стреч фолија и да се остави 40-тина минути во фрижидер да се стегне и олади. За тоа време пригответе го филот:




Во подлабок сад сомелете/изрендајте 300 г ореви и додајте 200 г шеќер, цимет во прав и арома од рум по вкус, па промешајте и попарете со 150 мл зовриено, врело млеко. Соединете ја добро смесата да добиете конзистентност на влажен и малку леплив песок.




Изладеното тесто извадете го од фрижидер, поделете го на два приближно еднакви делови, па секој дел развлечете го во кора со димензии на плехот во кој ќе се пече (средна величина). Кората најдобро е да се развлекува веднаш врз парче хартија за печење, со дебелина од 2-3 мм




Првата кора веднаш ставете ја во плехот сосе хартијата и ставете да се пече 5-6 минути во загреана рерна на 200 степени. Извадете ја, врз неа распоредете го филот од ореви, распоредете и поклопете со втората кора.




Избоцкајте ја со чепкалка за заби и вратете да се допече на 200 степени 15-20 минути. Додека е топла се сечат коцките (3х3 см). Одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЛЕШНИК КОЛАЧИ СО КАФЕ: Лапни-голтни колачиња, 15 минути работа, се топат во уста
Следна статијаСТРУМИЧКИ ЛАНГИДИ: Рецептот се пренесувал од генерација на генерација дека е совршен