Посните колачи со кокос ќе ве освојат со својот вкус, но и со својата едноставност. За мерење на состојките се користи чаша од 200 мл. Се меша со лажица и не валкате многу садови.

Потребни состојки: 1 чаша пиво (од 200 мл), 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 3 чаши брашно, 1 лажица какао, 1 ванилин шеќер и 1 лажичка прашок за печиво. за сируп: 2 чаши шеќер, 2 ½ чаши вода и уште: 50 г кокос

Постапка: Во еден подлабок сад ставете чаша пиво, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 лажичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 полна лажица какао во прав и 1 лажица гриз. Убаво промешајте за да се соединат состојките, а брашното додавајте го една по една чаша.

Откако ќе ја измешајте претходната до изедначување, тогаш додадете ја следната чаша брашно. Цело време мешате со лажица додека на крај да добиете ровко тесто кое лесно се обликува и не се лепи на садот. Кинете од тестото со величина на орев и формирајте прво топчиња.

Откако ќе ги формирате топчињата, малку притиснете ги со дланките колку да се сплоснат. Формираните колачи редете ги во плех малку намастен и обложен со хартија за печење. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 18-20 минути. За тоа време направете го сирупот.

За сируп: Во тенџере ставете 2 чаши шеќер и 2,5 чаши вода па загрејте на оган. Откако ќе зоврие варете го сирупот 10 минути на умерена температура. Топлите колачи прелијте ги со врел сируп и оставете да изладат и да го впијат сирупот.

Ладните колачи валкајте ги во кокос: со една рака земјате ги, а со другата, сува рака, валкајте ги. Ќе ви биде потребно околу 50 г кокос за валкање. Деталите можете да ги погледнете во видеото: