Home Останато Убавина и нега Изматете ги овие состојки и нанесете ги на косата – нема да...

Изматете ги овие состојки и нанесете ги на косата – нема да се забележи ниедно бело влакно

Голем број жени се алегрични на хемикалиите кои се наоѓаат во фарбите за коса, па може да ја применат оваа техника која често ја применуваат жените од Истокот.

Потребни состојки:

2 лажици нес кафе за светла коса или 2 лажици црно кафе за потемна коса
2 лажици кокосово масло
2 лажици регенератор или јогурт

Постапка:

Во еден сад прво ставете го кафето. Во зависност од тоа каква е вашата боја на коса, користете нес кафе за посветли нијанси или црно кафе за потемни нијанси.

Во кафето додадете течно кокосово масло и убаво промешајте додека кафето да се растопи и да се добие изедначена смеса. На крај се додаваат уште две лажици регенератор за коса или јогурт.

Убаво соединете со смесата од кафе и масло, а потоа со четка нанесете на коренот и долж праменот каде имате побелени влакна. Уште подобро ако направите поголема количина и смесата ја нанесете на целата коса.

Вака нанесената “боја” се остава да делува еден час, а потоа се мие со шампон и вода. Оваа смеса успешно ги маскира белите влакна, а може да се користи двапати месечно без да ја оштети косата.