„Имам толку многу бујни цветови на терасата што секое утринско кафе ми е по мерак. И оние цвеќиња што не растеа, сега се бујни и се отворија,“ вели Виолета и додава дека растворот што го подготвува функционира за сите видови цвеќиња, а особено ги посочи орхидеите.

Сите ние би сакале нашите цвеќиња во затворен простор секогаш да изгледаат свежо и здраво. Штом се појави мувла или суви лисја на растението, веднаш земаме разни средства за да го излечиме.




И покрај употребата на скапи ѓубрива и минерали, растенијата сè уште изгледаат болни. Честата употреба на вештачки ѓубрива може негативно да влијае на растот и развојот на растенијата и затоа им е потребна промена во начинот на нега и исхрана.




Доколку растенијата се чуваат во несоодветни услови, ни покажуваат промени во листовите, бавен раст, сушење на цвеќето, закржлавени корени. Ова се првите знаци дека растението ни испраќа сигнали дека му е потребна наша помош.




За да се избегне ова, растенијата треба да се прихрануваат во одредени периоди. Тоа е решение кое може да биде од природно или вештачко потекло и содржи голем број на елементи кои им се потребни за да имаат нормален раст.




Како функционира дополнувањето (прихранување) со квасец: Прихранувањето на растенијата со квасец има позитивен ефект врз нивната убавина. Квасецот содржи бактерии, кои не само што на печивата им даваат мекост и препознатлив мирис и вкус, туку и благотворно делуваат на растот и развојот на растенијата.




Квасецот содржи фитохормони и ауксини (растителни хормони за раст и развој) и витамини од групата Б. Квасецот има моќ за растење, односно клеточна делба и така тестото расте. Истата ситуација е и со растенијата. Квасецот го cтимулира развојот на клетките и растот на растенијата.




Xopмоните содржани во квасецот делуваат на голем број микроорганизми во почвата и ја поттикнуваат нивната работа, а витаминот Б влијае листовите да бидат побујни, позелени, а краевите да не се исушат. Целото растение е повитално и посилно. За да се постигне ова, се храни два до три пати месечно.




Се препорачува секоја недела во летните месеци, а два пати месечно во текот на зимата. Важно е временскиот интервал помеѓу двe полевања да биде ист, бидејќи тогаш растенијата се навикнуваат на квасецот и можат сами да одредат кога и колку можат да конcyмираат хранливи материи до следното залевање.




Начин на подготовка на растворот: На 8 литри вода ставете 20 г свеж квасец и добро издpoбете го во самата вода. Водата не треба да биде ни премногу ладна, ни премногу топла. Во водата може да додадете 1 лажица калциум прашок кој може да го купите во земјоделските аптеки, а може да го има и во цвеќарници. Измешајте.




(втор рецепт) За да го направите овој додаток, потребно е едно мало пакување од 50 г свеж квасец, 5 лажички шеќер и 5 литри млака вода. (За 10 г квасец, 1 лажичка шеќер и 1 литар вода). Сето тоа измешајте го и оставете да отстои два до три часа. Потоа повторно промешајте и растворот е подготвен за наводнување.

СОВЕТ: Се препорачува да се направат онолку литри колку што се потребни за наводнување. Оставањето на прихраната за подоцна го поттикнува развојот на штeтни организми.

Со овој додаток може да се наводнуваат и градинарски цвеќиња. Покрај тоа, никогаш не ги полевајте директно во цвеќињата или листовите, туку само во коренот и почвата. Градината на Лета и нејзиниот раствор подетално погледнете ги во видеото ОВДЕ.