Експертите предупредуваат дека најчесто се користат манжетни со средна големина за сите пациенти подеднакво. Станува збор за големината со која најчесто се мери крвниот притисок во домашни услови.

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс ги анализирале отчитувањата на крвниот притисок од 195 возрасни лица со широк опсег на обемот на раката.

Еден од основните предуслови за добивање точни резултати при мерење на крвниот притисок е правилниот избор на големината на манжетната, како и нејзиното правилно поставување.

Мора да одговара на обемот на надлактицата. Затоа, универзалната манжетна за крвен притисок што ја користат повеќето лекарски ординации може да биде опасна за вашето здравје, предупредуваат експертите.

Една нова студија, објавена во списанието JAMA Internal Medicine, покажа дека стандардните манжетни за крвен притисок може да даваат неточни отчитувања за пациентите на кои им е потребна различна големина, особено оние на кои им требаат поголеми манжетни.

Точните резултати се клучни за дијагностицирање на состојби како што е висок крвен притисок, исто така познат како хипертензија, која е водечка причина за срцеви заболувања ширум светот.

Експертите предупредуваат дека најчесто се користат манжетни со средна големина. Станува збор за големината со која најчесто се мери крвниот притисок во домашни услови.

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс ги анализирале отчитувањата на крвниот притисок од 195 возрасни лица со широк опсег на обемот на раката.

По две минути пешачење, крвниот притисок на учесниците бил измерен со користење на три различни големини на манжетни: стандардна големина, соодветна и премал или преголем.

Откриле дека оние на кои им е потребна мала манжетна – пријавиле постојано низок крвен притисок. Од друга страна, оние на кои им била потребна голема манжетна – пријавиле резултати од висок крвен притисок.

Објаснувањето е дека ако премногу ја затегнете манжетната, тогаш вашиот крвен притисок ќе биде поголем отколку што всушност е. „Бевме шокирани кога видовме колку е голема разликата“, вели водечкиот автор на студијата д-р Тами Брејди.

На крајот, експертите заклучиле дека традиционалниот пристап многу често дава погрешни отчитувања на крвниот притисок, кои потоа ги доведуваат лекарите во заблуда, што доведува до погрешни дијагнози и здравствени совети.

Лекарите советуваат манжетната да биде поставена така што нејзиниот раб да биде два до три сантиметри над зглобот на лактот.

Во овој случај, „цревото“ треба да биде на внатрешната страна на раката, а дали сте премногу стегнати ќе дознаете така што ќе го ставите прстот помеѓу манжетната и раката. Треба да можете со леснотија да го протнете.