Сите ми рекоа „УОУ“: Крцкави компирчиња со тајна состојка, никој не може да им одолее

Компирчињата се омилените закуски или прилози на трпезата кои дечињата и возрасните ги обожаваат. Следниот рецепт ќе ве воодушеви бидејќи е навистина оригинален, немам сретнато друг како него. Покрај тоа, овие компирчиња се подобри од секои други, а не се ни мрсни бидејќи не содржат воопшто масло.




Излегуваат крцкави, а поради тоа се задолжени две состојки и начинот на подготовка на овие компирчиња. На ниедно место нема да пробате подобри. Потребни ви се неколку состојки да ги подготвите, а во продолжение прочитајте го и специјалниот сос со неодолив вкус со кој ние сакаме да ги јадеме. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 г компири (3 компири), 2 лажици маслиново масло, 30-40 г пармезан (или повеќе), 2 лажици пченкарен скроб, 1/2 лажица оригано, 1 мала лажица црвена зачинска пиперка, 1 мала лажица сечкан лук (или низ преса), малку сол. ЗА СОСОТ: 40 г чедар кашкавал, 5 г путер, 2,5 големи лажици млеко.




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги добро да се исплакнат од состојките во кората. Потоа излупете ги и исечете ги на четвртини или осмини, компирчињата да добијат форма на клин. Ставете ги компирите во еден подлабок сад и одозгора прелијте ги со врела вода, во која ќе додадете 1 лажица сол.




Промешајте додека солта да се раствори во водата, па оставете компирите да отстојат во неа 20-тина минути. По изминатото време, извадете ги компирите од садот и добро избришете ги со хартија или памучна, чиста крпа.




Потоа во еден подлабок сад ставете кеса која ќе ја користите за полесно да ги измешате компирчињата со останатите зачини, притоа нема да ги извалкате рацете. Во компирчињата додајте 2 лажици маслиново масло, промешајте да се обложат сите подеднакво, па дури потоа додајте и 2 лажици пченкарен скроб.




Настрана, изрендајте го пармезанот во подлабок сад, количината ја одредувате по желба. Во садот со пармезан додајте 1/2 лажица оригано, 1 мала лажица црвена зачинска пиперка и малку сол. Измешајте ги состојките, пред да ги додадете во компирчињата.




Кога ќе ги додадете зачините и пармезанот, додајте го лукчето кое треба да биде поминато низ преса (1 мала лажица), па затворете ја кесата и убаво истресете ја, додека сите компири да се измешаат со зачините и пармезанот.

Вака подготвените компирчиња се редат во плех, обложен со хартија за печење, со врвот поставен нагоре. Компирчињата треба да бидат наместени едно до друго, во еден ред, да не се преклопуваат.

Вклучете ја рерната да се загрее на 185 степени, па компирите печете ги околу 40-50 минути, со повремено проверување, додека да станат крцкави. По печењето, извадете ги од рерна и сервирајте ги на една чинија, а потоа подгответе го сосот, кој откако ќе го пробате, верувам дека толку многу ќе ви се допадне, што секој ден ќе си го правите:

ЗА СОСОТ: 2,5 лажици млеко, измешајте ги со чедар кашкавал, исечкан на парчиња и 5 г путер. Ставете го садот со состојките во микробранова печка на 30 секунди додека кашкавалот и путерот да се растопат. Измешајте и по вкус додајте малку сол и лут сос (опционално) како на принер, „срирача“.

Сервираните компирчиња послужете ги со сосот и јадете ги со задоволство. Кркавоста ја добиваат од водата во која стојат пред печењето, а убавиот вкус им го дава лукчето, мешавината од зачини и пармезанот. Од искуство ви кажувам дека една тура нема да биде доволна, гостите ќе побараат уште една. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаМИНИ БАЈАДЕРА: Овој колач е многу убав, се подготвува за 5 минути и е економичен, без масло
Следна статијаБРЗИ УШТИПЦИ СО ГРИЗ: Само измешајте ги состојките и испржете – ова е најбрзиот рецепт за слатки залчиња