БРЗИ УШТИПЦИ СО ГРИЗ: Само измешајте ги состојките и испржете – ова е најбрзиот рецепт за слатки залчиња

Без квасец и без брашно, овие слатки уштипци навистина многу брзо се приготвуваат. Главната состојка им е гризот, за кој е потврдено дека е многу здрав. Само измешајте ги состојките со лажица и испржете ги. Ова е најлесниот рецепт за уштипци што постои.




Смесата можете да ја направите одвечер и да ја оставите во фрижидер, па следниот ден веднаш да ги направите уштипците за појадок. Кај нас дома се омилени, а верувам дека отсега ќе бидат и кај вас. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 50 г шеќер, 250 мл јогурт, 350 г гриз, 1 мала лажичка сода бикарбона (5 г), 1 прстофат сол, 1 супена лажица ванилин шеќер (10 г, 1 кесичка). Напомена: ова се слатки уштипци, а доколку ги сакате со неутрален вкус, тогаш намалете го шеќерот и додајте 1 лажичка сол




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте го шеќерот, па пенасто изматете ги со жица маталка. Додајте прстофат сол и уште малку промешајте. Пред секое додавање на наредната состојка добро е убаво да се промеша, откако да се стават сите состојки одеднаш.




Следно додајте го јогуртот или ако имате кефир, уште подобро. Промешајте, па додајте го гризот. Најдобро е да го додавате малку по малку, на неколку наврати, за да може поубаво да се измеша и соедини со другите состојки.




На крај не заборавајте да го додадете и ванилиниот шеќер совршено се комбинира со гризот и дава многу убава арома. На крај треба да добиете убава, мазна, густа и мека смеса без грутчиња. Смесата е готова.




Покријте ја со проѕирна-стреч фолија или кеса и оставете да одмори половина час на собна температура за да може гризот убаво да набубри и да ја впие сета влажност, а ако сакате можете смесата да ја оставите во фрижидер, па следниот ден да ги пржите уштипците.




По изминатото време (пред самиот почеток на пржењето) додајте ја сода бикарбоната (или прашок за печиво) и убаво промешајте за да се распореди. Смесата префрлете ја во готварски шприц/кеса и спуштајте ги уштипците во загреано масло на умерена температура.




Ако користите лажица, тогаш пред секое црпнување намастувајте ја лажицата во врелото масло. Уштипците пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па вадете ги во чинија со хартиена салветка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаСите ми рекоа „УОУ“: Крцкави компирчиња со тајна состојка, никој не може да им одолее