МИНИ БАЈАДЕРА: Овој колач е многу убав, се подготвува за 5 минути и е економичен, без масло

Ако ви дојдат ненадејни гости или ви се пријаде нешто благо, а немате чоколадо, можете да си ја направите оваа поздрава варијанта на бајадера која се прави од неколку состојки. Јатките даваат преубав вкус и сите се воодушевуваат на овој колач.




Рецептот го најдов пред некое време и сега дома постојано ни се наоѓа на трпеза. Овој бајадера-колач ќе го правите постојано кога ќе дознаете дека се подготвува за 5 минути, а потоа се остава само да се стегне уште малку во фрижидер. Еве што е потребно:

рецепт 1




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 150 г шеќер, 50 г слатка павлака/хопла (33-36%), 90 г путер, 240 г јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми, кикирики..), 160 г чоколадо за готвење. Овој десерт многумина го споредуваат како комбинација од Сникерс и бајадера, но е уште повкусен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 180 мл вода, 180 г шеќер, 75 г путер/маргарин, 200 г кикирики, 250 г мелени бисквити, 80 г црно чоколадо, 100 г бело чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г црно чоколадо, 2 лажици масло.

рецепт 2




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во нелепливо тавче на средна кон ниска температура ставете го шеќерот и почекајте да карамелизира. Прво ќе се формира густа и леплива маса, а потоа ќе се претвори во течност. Не мешајте додека целосно да се растопи. Важно е ринглата да не биде вклучена на висока температура.




Кога шеќерот ќе се растопи, додајте ја течната павлака и со повремено мешање соединете ги состојките додека смесата да добие малку посветла, карамел боја. Потоа во оваа смеса додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. Во огноотпорен сад со средна големина ставете хартија за печење и во неа ставете ги јаткастите плодови.




Може да користите мешавина по избор. Јас измешав кикирики, бадеми, лешници, ореви.. но важно е да бидат во количина од 240 г. По вкус во бајадерата може да ставите и суво овошје или некои други јатки.




Убаво распоредете ги и одозгора залијте со преливот од карамел. Убаво измазнете и со виљушка направете простор за карамелата да помине и помеѓу најдолните јатки (подекоративно е ако имате мешани плодови).




Ставете го садот во фрижидер за да се стегне смесата, приближно 15-20 минути. Во меѓувреме растопете го темното чоколадо, па извадете го садот од фрижидер и прелијте ја чоколадната глазура. Добро распоредете и вратете го садот во замрзнувач да се стегне уште 30-40 минути.




Потоа извадете сосе хартијата на чинија и послужете со сечење на правоаголници како бајадери. Иако ова не е вистинска бајадера, овој рецепт е поздрава замена за вкусните колачиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Еве ја постапката и од вториот рецепт, кој верувам дека многу ќе ви се допадне:

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Изрендајте го црното чоколадо или искршете го на коцки, па додајте вода и шеќер и загревајте додека да се растопи. Кога ќе зоврие додајте го и путерот, па промешајте и тој да се растопи. Тргнете од оган и додајте ги кикириките и 200 г мелени кекси.

Соединете ја смесата и поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел ставете рендано чоколадо, а во другиот преостанатите 50 г мелени кекси и соединете. Во плех или калап ставете хартија за печење и излејте ја целата светла смеса и израмнете (можете да си помогнете со дното од чаша).

Растопете го белото чоколадо на пареа или во микробранова печка, па со него премачкајте го првиот слој. Веднаш ставете го во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Извадете го колачот од замрзнувач, па одозгора рамномерно нанесете го чоколадниот дел, па и него израмнете го (повторно со чаша).

Глазурата веднаш се прави: измешајте чоколадо и масло и ставете во микробранова печка или растопете го на пареа или на многу тивок оган. Прелијте преку бајадерата и наросете со кикирики. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОВИЕ ПРСТЕНИ НЕ СЕ ПРАВАТ ОД КРОМИД: ГЛАВНАТА СОСТОЈКА Е ЛУКОТ И УШТЕ ЕДНА, не впиваат масло
Следна статијаСите ми рекоа „УОУ“: Крцкави компирчиња со тајна состојка, никој не може да им одолее