Сезона е на настинки, ослабен имунитет, растечен нос, болно грло, кашлица, се слева низ грло…

Потребни состојки: 500 мл вода, 400 г шеќер (по можност кафеав, но може и обичен), 2 лимони (без кора), 2 лажици бел слез, 2 лажици цвет од камилица, 2 лажици жалфија и 1 парче ѓумбир колку палец од рака

Постапка: ѓумбирот излупете го и исечкајте го ситно. Лимонот измијте го убаво и со нож за лупење компири излупете му ја кората заедно со белиот слој под него. Плодот исечете го на четвртинки или поситно.

На оган ставете ја водата со шеќерот да зоврие заедно со лимонот, слезот, камилицата и исечканиот ѓумбир.

Од моментот кога ќе зоврие намалете ја температурата за да се вари на многу тивко. Оставете така да се вари вкупно 45 минути, а потоа оставете да излади и процедете.

Добиениот сируп складирајте го во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер.

Употреба: Се консумира трипати по една супена лажица пред секој од главните оброци.