За овие болни лекарите не нудат никаков лек. Имено, се смета дека оштетената ‘рскавица и зглобови е невозможно да се вратат во првобитната состојба.

Меѓутоа, британските научници откриле дека симптомите можат значително да се ублажат со здрава исхрана која подразбира повеќе кељ и брокула.

Резултатите од нивните истражувања покажуваат дека сулфоранот од овој зеленчук може да го намали оштетувањето на зглобовите настанати поради артритис, но и да делува превентивно и како аналгетик кога болат зглобовите.

Кељот е продукт што спаѓа во суперхрана. Овој листен зелен зеленчук се јаде во текот на целата година. Може да се измеша со овошје во блендер и да се пие како сок, да се јаде како салата, како вариво или запечен, како прилог на другите јадења или како здраво главно јадење.

Кељот е извонредно хранлив и нискокалоричен продукт. Овој зелен листен зеленчук дава многу бенефиции за нашето здравје, но и убавина.

Богат е со микронутриенти, вклучувајќи ги витамините А, Ц и Б6, минералите калциум, калиум, железо, манган, бакар, каротиноиди и хлорофил. Содржи лутеин и зеаксантин, кои го чуваат здравјето на очите.

Овие фитохемикалии помагаат во заштитата на очите од штетното влијание на УВ-зраците од сонцето и другите извори и го спречува настанувањето на катаракта.

Исто така, поради големото количество витамин Ц, кељот е одличен за кожата, ги подобрува нејзиниот тонус, еластичноста и младешкиот изглед.

Кељот се бори против инфекциите и помага во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.

Состојките што се наоѓаат во кељот се ефикасни во борбата против некои видови рак, како на пример ракот на желудникот, дебелото црево, дојката и јајниците.

Кељот содржи растителни влакна што го регулираат варењето на храната, спречуваат запек и помагаат во спречувањето прејадување.

Богат е со антиоксиданти, го зајакнува имунитетот, ги одржува здрави коските и забите, ги штити репродуктивните органи и е еден од продуктите за детоксикација на организмот.

Кељот е одличен извор на витаминот Б, кој е растворлив во вода, богат е и со железо, поради што им се препорачува на слабокрвните лица.

Два американски центри, Центарот за контрола на лекови и Центарот за контрола и превенција на болестите, на жените им препорачуваат дневен внес од 400 микрограми витамин Б растворлив во вода.

Бремените жени посебно треба да внимаваат на овој внес, чиј недостиг може да предизвика сериозни невролошки последици кај детето.

Кељот е богат со калциум, кој може да се апсорбира дури за 30 проценти повеќе, за разлика од калциумот во кравјото млеко.

Поради лековитите својства, експертите препорачуваат да се консумира претежно во свежа состојба, како салата со додаток на лук.

Им се препорачува особено на заболените од ревма, висок крвен притисок или на луѓе што имаат проблеми со варењето.

Свежиот сок од кељ е еден од омилените здрави пијалаци во Јапонија, а шејкот со банана, какао и протеини од сурутка, е совршен појадок.