Постојат многу причини кои можат да влијаат врз к рвната слика, а некои од нив се нездравата исхрана со слаба конcyмација на овошје и зеленчук. Исто така и болестите можат краткорочно да ја сменат кр-вната слика, па дури и обична настинка или инфекција во телото, се прикажува со зголемени вредности на бели кр-вни клетки, леукоцити.




Иако некои отскокнувања на нормалните вредности на кр-вната слика се повремени, добро би било навремено да ги регулирате со природни лекови од народната медицина.




Ниеден синтетички cyплемент не може да се спореди со природните состојки кога станува збор за подобрување на кр-вната слика. Само со здрави намирници можете значително да ја подобрите кр-вната слика и да го зголемите бројот на еритроцити во кр-вта.




За анемични лица, се препорачува во исхраната да вклучат што повеќе намирници богати со железо во комбинација со оние кои содржат витамин Ц и фолна киселина. Од зеленчукот треба да се јаде грав, грашок, интегрални житарици, спанаќ, а од месо: црн дроб, риба-туна..




Сируп за подобрување на кр-вната слика. Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг моркови, 1 кг јаболка, 4 лимони, 250 г мед. Постапка: Зеленчукот и овошјето убаво измијте го под млаз ладна вода, излупете го и изрендајте го: цвеклото, морковите и јаболката.




Додајте исечкан лимон со кора (претходно отстојан во вода со сода бикарбона). Промешајте ги состојките со медот, убаво да се соединат. Вака приготвената смеса оставете ја покриена со газа да отстои 24 часа.




Следниот ден процедете ја убаво смесата и истискајте го сокот преку газа за да се извлече што повеќе од состојките. Сокот складирајте го во шише и чувајте го во фрижидер. Она што ќе остане од пулпата на состојките, можете да го сварите како џем или да го изедете.




Употреба: Пијте по една ракиена чашка од овој сируп секое утро, во голтки, не одеднаш. Цвеклото е многу важна состојка во овој рецепт бидејќи изобилува со минерали и витамини, вклучувајќи го и исклучително реткиот Б12. Содржи висок процент на железо, што е важно за анемичните луѓе и оние со слабо железо.




Морковот е исто така меѓу најздравите зеленчуци поради неговото антиоксидативно дејство, а исто така има корисен ефект врз кожата и видот. Јаболкото е можеби најраспространето овошје во светот.




Нема голема енергетска вредност, затоа е погодно за диета, но изобилува со минерали, витамини и други корисни состојки. Лимонот е полн со витамин Ц, а исто така го забрзува разложувањето на мастите, го зајакнува имунитетот.




Медот е високо хранлива намирница што лесно се дигестира, бидејќи ги содржи сите потребни ензими за негово разложување. Доволно е оваа количина на сируп да ја конcyмирате во период кога сте настинати или не се чувствувате добро за веднаш да ви се подобри кр-вната слика и да си го зајакнете имунитетот.