Сируп од портокали и лимони – превкусен сок полн со витамин Ц. Фото и рецепт: Зорица Стајиќ. Овој домашен сок т.е сируп е многу вкусен и без никакви вештачки додатоци, бои, засилувачи на вкус и конзерванси.

Потребни состојки: 1 кг портокали, 500 г лимони, 1 кг шеќер, 3 лимонтуси, околу 1,5 литар вода. Постапка: Во врела вода ставете малку сода бикарбона, па ставете ги портокалите и лимоните. Оставете ги да отстојат околу еден час за да се елиминира нечистотијата од нивната кора. Потоа исплакнете ги убаво со ладна вода.




Половина од портокалите излупете ги од кората, а половина оставете ги цели. Истото направете го и со лимонот. Сега целото овошје сомелете го во блендер. Во сомеленото овошје ставете половина од водата, додајте еден лимонтус, промешајте и оставете да отстои неколку часа.

Потоа добро процедете го овошјето, најдобро низ газа. Во остатокот од водата додајте шеќер и ставете на оган да зоврие. Тргнете го садот од оган и додајте го исцедениот сок и уште 2 лимонтуси.




На овој начин, дури и водата да е многу врела се уни-штува едвај 20% од целокупниот витамин Ц. А откако ќе се тргне садот од оган и водата достигне 50-60 степени, тогаш нема никаков опас-ност по витаминот Ц.

NMD.mk

Добро промешајте да се изедначи, па складирајте во добро измиени и стерилизирани шишиња. Сокот во текот на летните денови се чува во фрижидер, а зимно време може и на тераса или на било кое ладно место. Употреба: При послужување од сирупот се става 1/3 во чашата и де дополнува со обична или газирана вода. Фото и рецепт: Зорица Стајиќ




Чување на лимоните: Ако имате намера да ги искористите лимоните во рок од неколку дена после купувањето, тогаш чувајте ги подалеку од директна сончева светлина. После неколку дена, ако не ги искористите, тие ќе започнат да дехидрираат, да ја губат бојата и да им се појавуваат дамки.

Ако сте купиле поголема количина кои нема во скоро време да ги користите, тогаш ставете ги во кеса и вакумирајте ги или исфрлете го воздухот од кесата колку што тоа е возможно. Чувајте ги во фрижидер. На овој начин тие ќе сочуваат поголем дел од сокот и вкусот подолго ќе им трае – околу 4 седмици.




Идеална температура за чување на зрели (жолти) лимони е помеѓу 4 и 10 степени. Кај повеќето фрижидери таа температура е на средните полици, како и на вратата. Чување на веќе пресечен лимон: Исечениот лимон треба да биде покриен. Еве неколку начини како да се намали губитокот на сочност и оксидацијата кај лимонот кога ќе дојдат во контакт со воздух:




Ставете половина лимон на чинија, со пресечениот дел надолу. Завиткајте го лимонот во пластична фолија. Ако имате мал херметички сад, тогаш ставете ги парчињата лимон во него. Замрзнување на лимонот: Иако може да трае подолго од другото овошје, лимоните може да се искористат во рок од 2 до 3 дена после сечењето.




Можете да замрзнете исечени парчиња лимон за разни пијалаци. Потребно е да ги наредите на хартија за печење, така да не се допираат. Оставете ги да се замрзнат, па потоа ставете ги во кесичка и повторно вратете ги во фрижидер.




Чување на сок и кора од лимон: Цедениот сок од лимон и покрај тоа што е кисел, сепак може да развие бактерии ако стои на собна температура. После 2-4 дена стоење во фрижидер, лимоновиот сок ќе започне да го менува вкусот и постепено ќе започне да се расипува.

НМД.мк




Веднаш фрлете го кога ќе потемни или ќе го изгуби вкусот, а тоа обично се случува на седмиот до десеттиот ден. Сокот треба да се чува во темни шишиња. Кората од лимон се чува во херметички садови. Се чува на ладно и суво место. Свежо ренданата кора од лимон е вистински мамец за бактериите. Затоа е потребно да ја искористите во рок од 2 до 3 дена.

Alabama Extension / Flickr.com




Постои еден старински начин за чување на лимоните – а тоа е да се стави во сол. На тој начин лимонот го задржува свежиот изглед. Еве како: Исчистете ги лимоните и измијте ги. Немојте да ги миете со сапун или некоја течност што содржи хемикалии, туку со течност која содржи оцет и сода бикарбона.




Лимоните исечете ги. Во тегла ставајте ред сол, ред лимон. Можете да користете било каков вид на сол, само да не содржи јод. Јодот ќе ја промени бојата на лимонот. Ако теглата се чува во фрижидер, лимонот конзервиран на овој начин има рок и до една година. Кога ќе сакате да го искористите овој лимон, само земете едно парче, исперете ја солта и лимонот користете го исто како и свежиот лимон. Многу едноставно.

NMD.mk