СИРУП ОД ПИВО – ја смирува кашлицата а делува уште истиот ден

Овој сируп е познат кај народот уште многу одамна а се применува за смирување на кашлицата, бидејќи делува брзо и ефикасно уште истиот ден. Затоа, многу е важно, штом почувствувате дека сте настинале и почнувате да кашлате, направете си го овој сируп од две состојки.

Потребни состојки: 150 г шеќер и 500 мл пиво

Постапка: Ставете го шеќерот во тенџерче и загревајте го на умерен оган додека започне да се растопува и да се карамелизира. Повремено промешајте додека целиот шеќер да се растопи.

Тенџерето тргнете го на страна за кратко и додајте го пивото. Пивото додавајте го постепено. Потоа тенџерето вратете го на оган и смесата варете ја точно 20 минути на умерена температура. Доста од течноста ќе испари, а ќе добиете сируп кој по густина е сличен на медот.

Повремено промешувајте додека убаво да се растопи карамелизираниот шеќер. Додека мешате смесата може да пени, а пената да расте и да се подига, па затоа најдобро би било да користите некои повисоко тенџере за да спречите претекување на смесата.

Овој сируп по начинот на приготвување е многу сличен на шербетот, со тоа што шеќерот претходно треба да се карамелизира и наместо вода се додава пиво. Пивото содржи некои состојки кои зготвени на овој начин се многу лековити.

Ал-кохолот при готвењето испарува, така што сирупот е целосно безбеден, па може да го користат и деца со кон-султација на нивниот лекар. Возрасни земаат по една супена лажица од овој сируп, а децата по една мала, кафена лажичка, пред оброк.

За сува кашлица во сирупот се додава и една лажичка сув лист од нане. Готовиот сируп складирајте го во стаклена тегла откако ќе се олади. Чувајте го во фрижидер. „Овој сируп мене многу ми помогна лани кога цели два месеци имав сува кашлица.

Веќе не знаев што да направам, па го пробав овој сируп, нема што да се изгуби, а може да се добие. Да бидам искрена, се сомневам дека еден обичен шеќер и едно обично пиво можат толку да помогнат, ама ете јас сум сведок за делотворноста на сирупот“ – Катерина. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Чајот од ловоров лист и пиво за здрави бели дробови

Алексија Младеновиќ, економист во пензија од Ниш, за чисти бели дробови препорачува ловоров лист и пиво. Кога таа заминала во пензија започнала да ги проучува лековитите билки со голем интерес.

Нејзината љубов кон природата датира уште од најраната младост и почетокот на планинарењето од кое никогаш не се откажала.

-Во секоја група за планинарење секогаш има по некој кој се занимава со лековити билки, па ни ги објаснува која за каква болест се користи, како се приготвува и како се користи. Така беше поттикната мојата љубопитност и желба што повеќе да научам за фитотерапијата, што многупати ми помогна да пребродам настинка, грип, но и да го одржам доброто здравје.

Убедена сум дека речиси за секоја болест постои лек во природата, и дека барем може да ги олесни тегобите и да помогне во побрзо оздравување.

-Исклучително лековита билка за лекување на настинки и воспаленија на диш-ните патишта е ловоровиот лист кој обично ние го користиме како зачин – нагласува Алексија и објаснува:

-Ловоровиот лист е незаменлив кај проблеми со диш-ните патишта, бидејќи има антисептичко дејство. Пребогат е со витамини и минерали, па дури содржи и селен, за кој се смета како одлична превентивна состојка дури и за најтеш-ките болести.

Може да се користи како чај или сируп, бидејќи е благотворен за чистење на белите дробови, особено кај пу-шачите, за лекување на бронхитис и воспалено грло, ждрело и комплетен респираторен тракт.

РЕЦЕПТ 1 Потребни состојки: 3-4 ловорови листови, 300 мл вода, 1 лажичка мед, малку прополис, 1 парче лимон и 1 лист розета (слаткарче)

Постапка: ситно издробете три до четири ловорови листови, потопете ги во 300 мл вода и ставете да врие 10-тина минути, додека да испари третина од водата. Потоа чајот оставете го да отстои 10-тина минути, процедете го во шолја и пијте 2-3 пати во текот на денот. Додајте лажичка мед, малку прополис, парче лимон или лист од розета, за да се ублажи горчината.

Кој од здравствени причини не може или не сака слатки напитоци, тогаш во овој чај може да стави прстофат морска сол или да издроби трошка коцка супа, како што јас често правам, бидејќи на тој начин ми е најубав.

СИРУП ОД ПИВО И ЛОВОРОВ ЛИСТ

Покрај чајот, Алексија Младеновиќ прави уште еден интересен напиток од ловоров лист.

-Со помош на сирупот кој го пиев покрај редовната терапија, од ловоров лист и пиво, го забрзав санирањето на една многу силна настинка и воспаление на белите дробови – вели Алексија. Овој сируп се приготвува на два начини: еден со вода, а друг со пиво, и тој содржи најмногу витамини од Б групата.

Потребни состојки: 100 г шеќер, 500 мл пиво (1 лименка), 10 големи ловорови листови

Постапка: шеќерот се карамелизира додека да добие убава златна боја, па се прелива со лименка пиво и се додаваат 10 поголеми ловорови листови ситно издробени. Ова мора да се приготви во подлабок сад бидејќи пивото запенува и може да претече.

Кога ќе зоврие се остава да вари 15 минути на тивок оган. Треба да се излади на собна температура и се додава лимон по вкус, прополис и мед. Изладениот сируп се процедува и се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер. Се кон-сумира до 2 супени лажици, 2-3 пати во текот на денот.

Ако се пригитвува со вода (подеднакво на идентичен начин, само наместо пиво се става 600 мл вода), може да им се дава и на деца бидејќи содржи бројни витамини и минерали, а благотворно и смирувачки делува и на стомачни проблеми.

Loading...
Претходна статијаТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА од слаткарница: едвај го добив рецептот, а сега го имате и вие
Следна статијаД-р Спектор: Оваа промена на ноктите укажува на прележан вирус, погледнете ги без да проверувате антитела