Овој рецепт за светски познатиот колач Тирамису е многу едноставен, се приготвува без јајца и маргарин, а многу е вкусен. Овој Тирамису е колач за кој можам слободно да речам дека е најдобриот што сум го пробала…Проверете зошто е толку баран овој рецепт!

Потребни состојки: 250 мл слатка павлака, 500 г маскарпоне, 100 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, неколку капки лимонов сок, 250 мл ладно кафе, малку амарето ликер (околу 40 мл), околу 60 пишкоти, какао за наросување одозгора

Постапка: во варено и изладено кафе додајте амарето ликер. Слатката павлака изматете ја и постепено додавајте шеќер во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.

Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсијата (калап или долгнавеста подлога), а потоа премачкајте со крем, па повторно пишкоти, крем и така натаму… Најдобро е пишкотите да ви бидат во два до три реда, кремот е доволен.

Завршете со крем и одозгора наросете со какао. Оставете преку ноќ да се стегне во фрижидер а пишкотите убаво да омекнат. Следниот ден сладете се во овој прекрасно освежителен колач кој има подолг ролг на траење, бидејќи не содржи јајца. / sibinka / Сооlinarika.соm

II РЕЦЕПТ – ТИРАМИСУ – Овошен колач со пишкоти готов за 10 минути

Тирамису со јагоди, рецепт и видео презентација на Марко Стрижак „Како да се готви” – готов за 10 минути, а предобар е! Овој тирамису е готов буквално за 10 минути и многу е вкусен. Секако дека нема печење, затоа и толку брзо се приготвува.

Потребни состојки: 500 г јагоди, 350 мл слатка павлака за шлаг, 250 г маскарпоне сирење (или друго свежо крем сирење), 2 кесички ванилин шеќер, 180 мл вода, 70 г шеќер за сирупот и пишкоти.

Постапка: На средно-умерена температура растопете го шеќерот со водата, па додајте ги јагодите и гответе ги 2 минути, само колку овошјето да го пушти својот сок и да омекне. Процедете ја течноста и оставете ја на страна да се олади.

Во оваа течност ќе ги натопувате пишкотите, само кратко, па ќе ги редите во калапот со приближни димензии 20х20 см, обложен со проѕирна фолија. Приготвување на фил: маскарпонето оставете го да омекне на собна температура. Во него додајте ванилин шеќер и добро измиксајте за да стане сирењето кремасто.

На страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг, па изматете ги двете смеси за да се соединат. Слатката павлака можете и директно да ја истурите во изматеното маскарпоне, само гледајте да биде растителна за да биде поцврст кремот.

Треба да добиете погуста смеса која може да се мачка, а да не тече и да не се распаѓа. Во калапот наредете еден слој пишкоти претходно кратко потопувани во сирупот. Врз пишкотите рамномерно распоредете една третина од приготвениот фил, премачкјате и израмнете.

Врз кремот распоредете јагоди, па врз нив премчкајте со нешто помалку од една третина фил, па повторно наредете пишкоти натопувани во сирупот. Преку пишкотите премачкјате го остатокот од филот. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

III РЕЦЕПТ – Овошен колач со пишкоти кој се приготвува за само 10 минути.

Потребни состојки: 2 кутии пишкоти, 200 мл млеко за натопување на пишкотите. За фил: 100 г путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 3 чаши кисела павлака, 500 мл слатка павлака, 1 кесичка желатин, 500 г јагоди (може и малини или овошје по желба).

Постапка: Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, претходно исечен на листови и оставете да омекне на собна температура. Потоа додадете ја киселата павлака и изматете уште малку колку да се соедини со путерот. Овошјето исечкајте го на помали парчиња.

Додајте го во изматената смеса од путер и кисела павлака, па промешајте со лажица или шпатула. Желатинот прелијте со 4 лажици ладна вода и оставете го 10-тина минути додека на набубри. на страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг.

Набубрениот и згуснат желатин растопете го на пареа додека да стане течен, па додадете го во слатката павлака и кратко измиксајте за да се соедини. Вака изматената слатка павлака со желатинот соединете ги со претходната смеса.

Промешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи филот. Правоаголен долгнавест, тесен а длабок сад обложете го со проѕирна фолија за да можете подоцна полесно да го извадите колачот. На дното од обложениот калап наредете еден ред пишкоти претходно кратко натопувани во млеко.

Распоредете половина од филот, премачкајте ги пишкотите и израмнете. Прекријте повторно со еден ред пишкоти, кратко натопувани во млеко. Повторно распоредете ја втората половина од филот, па рамномерно израмнете. Колачот пред послужување добро изладете го, декорирајте го со овошје и сечете го на шнити.