Багрем (Robinia pseudoacacia) е уште познат како акација. Стеблото на багремот е многу отпорно на разните надворешни влијанија. Младото стебло е лесно кршливо, а во понапредните години станува поиздржливо. За разлика од стеблото, гранките на багремот се повеќе кршливи и осетливи на силен ветар и снег.

Листовите може да бидат долги од 20 – 30 цм, на кои се обраснати 9-17 јајцевидни ливчиња. Цветовите се бели и имаат прекрасен мирис кои формираат грозд. Цветовите растат во средина на мај и почетокот на јуни во зависност од надморската височина на дрвото.

Кај нас багремот е самоникнато растение, но најчесто се засадува и во градините поради прекрасниот мирис на цветот. Сепак, багремот не израснува на која било почва. За да биде успешен растот на багремот, потребно е песочна и растресита земја. Багремот не поднесува влага, студенило и тешка глинеста почва.

Лековити својства

Сите делови на багремот се о тровни освен цветовите. Кората е особено т оксична бидејќи содржи токсалбумин робин и токсалбумин фазин кои ги у ништуваат еритроцитите кај некои животни, особено кај коњите.

Но, цветовите содржат многу лековити својства и сосем мала количина на о тровен робинин, кој целосно исчезнува со термичка обработка и сушење. Цели гроздови од багрем се берат веднаш штом процветаат и се сушат заедно со дршката на топло и засенчено место или во рерна на 40 степени.

По сушењето, цвеќињата се одделуваат и се чуваат во картонска кутија или хартиена ќеса на суво и темно место. Луѓето го користат багремовиот цвет за лекување на настинки, грип, стомачни тегоби и грчеви во стомакот, како и за главоболки и за подобро лачење на жолчна киселина. Цветовите го намалуваат холестеролот и имаат диуретично и лаксативно дејство.

Чајот од багрем најчесто се користи, а еве го и рецептот кој се подготвува многу едноставно:

Постапка: Прелијте 250 мл врела вода во една лажица сушен и сечкан багремов цвет, поклопете, а по 15 минути процедете го чајот и испијте го додека е сè уште топол.

Ви претставуваме руски народен лек кој е исклучително ефикасен во лекувањето на проширени вени

Постапка: Ставете 50 г сув багремов цвет во тегла и прелијте ги со половина литар вотка или 40% ал-кохол. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на темно место 3 недели. За тоа време, повремено протресувајте ја теглата. По изминатото време, процедете ја добиената течност и користете ја за подмачкување на проширените вени.

Често се користи и багремовиот сируп за лекување на кашлица

Постапка: 1 литар вода се вари заедно со 500 г шеќер додека да се добие сируп. Подготвениот сируп се прелива во сад со 150 г багремов цвет. Потоа додајте 1 лажица лимонов сок и се остава сирупот поклопен да отстои во наредните 24 часа.

По изминатото време, смесата се процедува и се додава 3 лажици ракиja. Промешајте ја добиената смеса и складирајте ја во шишиња. Се кон-сумира по 50 мл сируп разреден со вода.

Веројатно, најпознат дериват на багремот е багремовиот мед. Медот има благ вкус, светложолта боја и убав мирис, па затоа е најценетиот мед од сите други видови мед. Бавно кристализира бидејќи во составот содржи повеќе фруктоза отколку глукоза.

Багремовиот мед се препорачува да го кон-сумираат деца кои се болежливи, на оние кои имаат проблем со желудникот и варењето на храната, оние кои се под постојан стрес и нервоза и оние кои патат од несоница.

За лесно заспивање и квалитетен сон, се препорачува пред спиење да испиете една чаша чај од мајчина душица во комбинација со багремов мед. На пушачите им се препорачува да кон-сумираат една лажица багремов мед веднаш по станување наутро на празен стомак.

Рецепт со багремов мед за лечење на астма, бронхитис и други респираторни болести

Потребни состојки: 1 кг домашен багремов мед, 100 г кафе, 100 г суви плодови шипка, 20 г матичен млеч.

Постапка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Потоа распоредете ја смесата во темни шишиња и складирајте ги на темно и суво место. Кон-сумирајте по 1 лажица од смесата половина час пред секој оброк. Забелешка: Потребно е смесата да се кон-сумира со дрвена лажица.

Сируп од багремов цвет за настинки, б олки во грло, грчеви и главоболки – рецепт

Потребни состојки: 28 гранчиња багремов цвет, 500 мл вода, 500 г шеќер, 1,5 лажичка лимонтус.

Постапка: Гранчињата со цветови добро измијте ги и исушете ги на крпа. Водата сварете ја со шеќерот под капак, 15 минути, па оставете да подизлади. Додајте го лимонтусот, промешајте да се растопи и оставете целосно да излади.

Во ладниот сируп додајте го сировиот багрем. Добро поклопете го тенџерето со капак или алуминиумска фолија, па оставете на ладно и темно место да отстои 24 часа. По изминатото време процедете го сирупот, ставете го повторно на оган да проврие. Врел складирајте го во тегли или шишиња, добро затворете го за да се вакумира.

Теглите можете да ги превртите наопаку. Разредете со вода по вкус бидејќи е доста слатко. Сирупот има пријатен мирис и вкус, доколку сте во можност направете го и пробајте го.

Чај од багремов цвет – рецепт

Постапка: 1 лажичка цвет од багрем се прелива со 250 зовриена вода и се остава поклопено 15 минути. Се процедува и се пие за проблеми со респираторниот систем. Се засладува со мед од багрем.

Багремов сок за намалување на холестерол, б олки во желудник и отпорност на организмот

Постапка: Цветовите од багрем се берат додека сè уште се отвораат, бидејќи тогаш се најбогати со лековити состојки. Набраните гроздови редете ги во стаклена тегла, додека теглата да се исполни.

Зовријте вода и оставете да излади, а потоа наполнете ги теглите со вода. Во секоја тегла додајте сок од еден лимон, поклопете и оставете да отстои 24 часа. Потоа сокот процедете го и додајте мед колку сокот да биде поблаг, бидејќи при послужување се разредува со вода во однос 1:1.

Од секоја тегла ќе добиете околу половина литар чист сок, што значи дека при мешање со вода добивате еден литар сок по тегла. Сокот треба да се пие веднаш, а до употреба да се чува во фрижидер, најмногу неколку седмици.

слатко од багрем

Маска од багремов цвет

Измешајте лажичка багремов мед со јогурт во сооднос 1:1. Нанесете ја маската на лице и оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете го лицето со чај од камилица.

Маска од багремов мед за чистење на лицето

Измешајте една лажичка багремов мед со сок од половина лимон. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со вода. Оваа маска е најдобро да ја користите навечер, пред спиење. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска