СИМИТ ПОГАЧИ (ѓеврек печива со фил)…можете да ги замрзнувате и да ги консумирате кога сакате…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ(чаша од 200 мл):

1 чаша топло млеко
1 чаша топла вода
1 чаша масло (можете да го намалите маслото и да додадете малку путер)
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка инстант квасец
брашно по потреба (околу 6 чаши, се додава постепено)

За фил (може да бидат и празни):
ситно фета сирење/урда или нешто по ваш избор

За премачкување:
2 – 3 лажици меласа/малтекс/јаворов сируп/мед
1/2 чаша вода
1 чаша печен сусам

ПОСТАПКА:

1.Во топло млеко додајте топла вода, промешајте и додајте инстант квасец и шеќер. Откако ќе се растворат почекајте околу 5 минути за да се активира и запени, па додајте масло и сол, и постепено додајте го брашното. Замесете меко, малку лепливо тесто.

2.Намастете ги рацете и обликувајте топка од тестото. Покријте го со проѕирна фолија, завиткајте го во крпа и оставете го да ферментира околу 1 час.

3.Малку премесете го тестото колку за да излезе воздухот од него. Од тестото направете топчиња со големина на мандарина, приближно 15 парчиња.

4.Со раце малку сплескајте ги топчињата, на средина ставете сирење, затворете ги и повторно обликувајте топчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, со затворениот дел свртен кон дното.

5.Во чинија измешајте вода и меласа, а во посебна чинија ставете сусам. Печивата држете ги за делот каде што ги споивте одоздола, натопете ги одозгора и од страните прво во растворот од меласа, па во сусам и повторно ставете ги на плехот за печење.

6.Оставете ги да ферментираат околу 20 минути. Со остар нож или кујнски ножици исечете ги стасаните печива во форма на крст.

7.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Кога ќе ги извадите од рерна покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 10 минути. Постапката погледнете ја на Инстаграм ОВДЕ.

https://www.instagram.com/reel/CldpPFqjpqr/?igsh=MTJ6Ym4xaXFmeDVvMw%3D%3D