Зелената мувла која се нафатила на површината од лебот и останата храна, како и темните дамки на овошјето, се спори видливи со голо око, мали честички кои ја даваат карактеристичната боја на мувлата. Сепак, треба да се знае дека остатокот и нејзините корења се тешко видливи бидејќи продираат длабоко во вашата храна.

Бидејќи шарените спори од површината на храната се само дел од мувлата, стружењето или сечењето на овој дел, нема да ве спаси од јадењето на мали делови од габата.

„Повеќето мувли се безопасни, но некои се опасни“, вели Надин Шо, специјалист по технички информации од американското Министерство за земјоделство. „Некои мувли содржат микотоксини, отровни материи кои можат да предизвикаат алергиски реакции или респираторни проблеми. Една особено, наречена афлатоксин, се знае дека предизвикуваат рак“, вели Шо.

Микотоксините може да се најдат во мувли кои растат на зрна и јаткасти плодови, но, исто така, може да се најдат во сок од грозје, целер, јаболка и други производи, според USDA. Злогласниот афлатоксин е најчест во пченката и кикириките, па постојано се следи од страна на Прехрамбената и Лекарската администрација на САД.

За да се заштите од мувлата и брзото расипување на вашата храна, Шо ги дава следните препораки:

-Покривајте ја храната за да ја заштитите од воздухот во кој има спори од мувла.

-Користете садови за складирање на храна кои добро се затвораат и чувајте ги соодветно во фрижидер.

-Искористувајте ги остатоците во рок од три до четири дена.