ШТАНГЛИ СО ЛИМОН – одличен вкус на лимон и ванила

Можете да ги приготвувате за различни пригоди, многу се вкусни.

Потребни состојки:

6 жолчки
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон – сок и кора
200 г путер
мало пакување обланди

Фондан:

200 г шеќер во прав
1 лажица лимонов сок
малку врела вода
1 лажичка масло

Постапка:

Изматете го жолчките со шеќерот и сварете го кремот на пареа. При крај на готвењето додадете сок и рендана кора од еден лимон, па варете уште малку додека филот да згусне.

Кога ќе излади додадете го путерот, убаво измиксајте да се соединат, па филувајте ги обландите.

Добро притиснете со нешто тешко и оставете неколку часови додека филот да се стегне.

Во меѓувреме пригответе го фонданот: Изматете го со лажица шеќерот во прав со лимоновиот сок и неколку лажички врела вода додека да се постигне посакуваната густина.

На крај додадете 1 лажичка масло и прелијте преку обландата. Може да испрскате и малку растопено чоколадо и да направите убави шари. Кога глазурата убаво ќе се стегне, исечете го колачот на штангли.

Претходна статијаПАДОБРАНЦИ – превкусни, ги правам често зошто спаѓаат во оние “лапни-голтни” колачи
Следна статијаПржени мекици со јогурт, одлични за појадок или вечера – воопшто не впиваат масло!