Home Рецепти Пржени мекици со јогурт, одлични за појадок или вечера – воопшто не...

Пржени мекици со јогурт, одлични за појадок или вечера – воопшто не впиваат масло!

Одлични мекици, превкусни се!

Потребни состојки:

300 мл јогурт
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка сода бикарбона
500 г брашно
масло за пржење

Постапка:

Измешајте го јогуртот со солта, шеќерот сода бикарбоната.

Постепено додавајте брашно, па со миксер со продолжетоци за тесто, замесете мазно тесто.

Оставете го во фрижидер да отстои околу 15-тина минути. Извадете го, премесете го и поделете го 6-8 делови.

Секој дел со оклагија развлечете го во величина на тавата во која се пржи. Корите оставете ги 5-10 минути да се одморат на собна температура.

Прво добро загрејте го маслото во тавата, па намалете го огнот кога ќе ги ставате мекиците да се пржат.

<

Пржете ги од двете страни додека да добијат убава боја. Пржените мекици вадете ги на хартиена салветка за да ја впијат вишокот маснотија.

Послужете ги со прилог по желба.

Напомена: Ако немате миксер за тесто, тогаш прво користете лажица, а потоа со рака замесете го тестото.

Во текот на пржењето по мекиците ќе се содаваат меурчиња, што е добар знак дека тестото е добро измесено.

Не штетедете на масло во текот на пржењето и не плашете се дека ќе бидат масни. Токму спротивното, не се масни!