ПАДОБРАНЦИ – превкусни, ги правам често зошто спаѓаат во оние “лапни-голтни” колачи

Превкусни пуслици – падобранци, одвнатре меки и сочни а однадвор крцкави.

Потребни состојки:

6 белки
300 г шеќер
400 г мелени ореви
100 г мелени бисквити
малку лимонов сок

Постапка:

Изматете ги цврсто белките со постепено додавање на шеќер. Пред крај додадете и малку лимонов сок. Внимателно додадете ги мелените ореви и мелените бисквити.

Смесата ставете ја во шприц и правете пуслици на плех обложен со хартија за печење. Оставајте доволно растојание помеѓу нив.

Loading...

Печете ги во претходно загреана рерна на 120 степени околу 20-30 минути.Внимавајте пуслиците да останат со светла боја и само малку да заруменат на краевите.

Извадете ги од рерната, почекајте уште некоја минута да изладат во плехот, па потоа префрлете ги во чинија.

Пуслиците може да ги спојувате со крем од жолчки изматен на пареа, со фондан, со ганаш крем, со растопено чоколадо и сл.

Фил: Изматете 6 жолчки со 100 г шеќер во прав, па сварете ги на пареа додека да згуснат. Додадете два реда искршено чоколадо, па кога ќе излади измиксајте 150 г путер со 2 лажици шеќер во прав и заедно соединете ги.

Loading...