ЗА МЕНЕ ОВА ЈАДЕЊЕ Е НАЈУБАВО: Вака се прави совршено ќофте во сос – прсти да излижеш

Направете ќофте според овој рецепт и сите воодушевете ги. Ова јадење има неодолив вкус, заситно е, а сепак секој побарува уште една чинија плус. Проверете зошто рецептот на Емина се разликува од останатите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мелено месо (по избор), 1 главица кромид, 1 јајце, 2 супени лажици лебни трошки (презла), 1,5 супена лажица брашно, 3 супени лажици доматен сос, 1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета), малку црн пипер, 1 лажичка магдонос, 1 лажица црвен мелен пипер, масло.




ПОСТАПКА: Кромидот излупете го и колку можете поситно исечкајте го или изрендајте го, па додајте го во меленото месо. Зачинете го месото по вкус, а ние ставивме: една лажица зеленчуков зачин (вегета), една лажица црвен пипер во прав, половина лажичка црн пипер во прав и една лажичка сув магдонос.




Промешајте го месото со виљушка за да се распоредат рамномерно зачините, а потоа додајте едно сирово јајце и две супени лажици лебни трошки (презла). Измешајте ги состојките со виљушка, но најдобро е да го замесете месото со рака. На тој начин ќе стане компактно и ќе ги впие сите вкусови.




Оставете ја смесата малку да одмори во фрижидер, околу половина час, но доколку немате време можете веднаш да ги правите жофтињата. Потоа, од смесата кинете мали парчиња и со помош на дланките формирајте мали топчиња со големина пинг понг или величина по ваша желба.




Во широка тава загрејте малку масло на умерена температура, па спуштајте ги ќофтињата и пржете ги додека убаво да заруменат. Додека се пржат ќофтињата тие ќе испуштат малку сок и ќе го намалат волуменот.




Кога речиси се готови, направете малку простор во тавата меѓу ќофтињата и тука додајте една ипол лажица брашно. Промешајте го за да се запржи, па додајте една мала лажичка црвен пипер во прав и уште малку запржете.




Потоа додајте 200 мл топла вода и продолжете со динстањето на пониска температура. Додајте три супени лажици доматно пире или сос, па промешајте за да се раствори во течноста. Динстајте уште некое време.




Поклопете со капак, намалете ја температурата или прилагодете ја и оставете да се готви уште 15 минути. Одозгора наросете со ситно сечкан свеж магдонос и послужете топло со прилог по ваша желба. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаАко имате затнати синуси оваа пролет, направете напиток кој ќе го прочисти носот и сите шуплини
Следна статијаПИТА КОЛАЧ ОД НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ: вкусот е преубав, а најубаво ми оди со чај