Иако медицината е многу заинтересирана за придобивките кои ги нуди зелениот чај и бројни студии неброено пати ги потврдија неговите благодетни својства за човековото здравје, сепак постојат одредени работи што треба да ги имате во предвид ако сакате да го користите овој „магичен чај“ на најдобриот можен начин, пишува НМД.мк




За почеток, се препорачува да се пијат две до три чаши зелен чај на ден и не треба да се надминувате оваа количина. Постојат уште неколку работи што треба да ги имате предвид кога кон-сумирате зелен чај.




Не пијте зелен чај веднаш по оброкот. Една од најголемите заблуди кога конзумирате зелен чај е дека ако го пиете веднаш по оброкот, тој м агично ќе ги избрише сите калории што сте ги изеле.




Бидејќи телото допрва треба да ги свари сите протеини што сте ги внеле преку храната, испивањето на зелен чај веднаш после оброкот може да му наштети на овој процес, па од тие причини, дефинитивно треба да го избегнувате и да го пиете дури откако ќе бидете сигурни дека храната во вашиот стомак се сварила.




Зелениот чај се пие дури кога малку ќе се олади. Пиењето на врелиот зелен чај не само што ќе го направи невкусен, туку може да му наштети и на вашиот стомак и грло. Пијте го вашиот зелен чај топол, не и кога е потполно врел.




Не пијте зелен чај на празен стомак. По ноќните часови за време на кои не сте внеле ништо во вашето тело, треба да кон-сумирате нешто лесно и смирувачко што го стимулира вашиот метаболизам.




Зелениот чај содржи силни антиоксиданти и силни полифеноли кои можат да го зголемат производството на киселина во желудникот и да го нарушат варењето на храната. Би било идеално да го консумирате помеѓу оброците.




Не додавајте мед во топол чај. Повеќето од нас сакаат да додаваат мед во зелениот чај затоа што тој е здрава алтернатива на шеќерот и има добар вкус. Меѓутоа, ако додадете мед во топол зелен чај, многу е веројатно дека хранливата вредност на медот ќе биде уништена. Затоа, додајте го дури откако чајот ќе се подизлади, како што напоменавме погоре во текстот.




Не земајте лекови со зелен чај. Многу луѓе пијат таблети со утринска чаша зелен чај. Ова може да биде исклучително штетно бидејќи хемискиот состав на вашата таблета може да се помеша со зелен чај што доведува до киселост. Затоа, препорачливо е да ги пиете таблетите со обична вода.




Премногу зелен чај не е добар избор. Само затоа што зелениот чај е здрав, не значи дека можете да пиете неограничен број чаши во текот на денот. Исто како чајот или кафето, зелениот чај исто така содржи кофеин.




Претерувањето со дневната кон-сумација на кофеин на дневна основа, може да предизвика штетни несакани ефекти, вклучувајќи главоболка, летаргија, летаргија, раздразливост, како и вознемиреност. Овде треба да ги земете во предвид сите останати пијалаци што содржат кофеин, а ги земате во текот на денот.

Премногу зелен чај исто така може да ја намали апсорпцијата на железо во телото. Затоа, најдобро е да се држите до препорачаната количина на две до три чаши чај на ден.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.