Понекогаш се чувствувате слабо, уморно или изнемоштено? Ова се знаци дека веројатно треба да ја проверите к рвната слика. Доколку се утврди дека сте анемични, мора да преземете чекори за подобрување на к рвта, зошто речиси сé од неа започнува.




Постојат различни начини за подобрување на кр-вната слика кои честопати ги објавуваме на НМД.мк, а рецептот кој ќе ви го откриеме денес е еден од најквалитетните.

Со редовната употреба на овој напиток во голема мера ќе ја подобрите состојбата на организмот и к рвната слика. Природен пијалок за зголемување на бројот на црвени к рвни клетки и подобрување на к рвната слика




Потребни состојки: 1 кг цвекло, 0,5 килограми моркови, сок од еден лимон, 2-3 портокали, 2 јаболка, 500 грама ливадски мед

Постапка: исечкајте ги цвеклото, јаболката и морковот на мали парчиња и измиксајте ги заедно во блендер. Исцедете го сокот од лимонот и портокалот и додајте го во претходната смеса. На крај додајте ливадски мед.




Измешајте сè добро додека медот да се соедини со сокот и да се растопи целосно. Ако сакате, можете да додадете повеќе портокали, бидејќи нивната цел во овој рецепт е да го подобрат вкусот и мирисот на напитокот.




Складирајте ја течноста во стаклени шишиња. Како што веќе спомнавме, ќе добиете околу 2 литри од овој напиток, што треба да биде доволно за 15 до 20 дена. Кога и колку да се земе овој напиток:




Пијте околу 100 мл од напитокот секое утро на празен стомак додека целата количина да ја потрошите.. Овој рецепт можете да го приготвувате двапати годишно (најдобро наесен и напролет), и тоа би требало да биде доволно за убаво да го зајакнете организмот.




Не само што ќе се подобри к рвната слика, туку ќе ревитализира целиот организам, ќе се обноват и подобрат функциите во дигестивниот систем, кожата ќе ви се исчисти и ќе стане посјајна, косата исто така. Пролетно и летно време, исто така, можете да берете коприва од еколошки чиста средина и да си приготвувате лековит сок:




ВЛИЈАНИЕ НА КАШЕСТИОТ СОК ОД КОПРИВА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО: Бидејќи копривата е една од билките со најголем број лековити својства, се препорачува секојдневно да се пие овој природен сок, но не повеќе од една чаша. Ги има следните позитивни дејства:




Ја помага работата на цревата; ја подобрува кр-вната слика, па би требало да го консумираат лица со анемија, а може да помогне и при најтешките заболувања на кр-вта, како леукемија

Му помага на организмот да се опорова после т ешки болести, опера-ции и други ст-ресни ситуации; позитивно делува врз работата на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и панкреасот




Го јакне имунитетот и му помага на организмот во бор-бата против настинки, вируси и слично; го регулира нивото на шеќерот во кр-вта, па особено им се препорачува на дијабетичарите

Помага во исфрлање на вишокот течности и забрзување на дигестијата; лекува уринарни и респираторни инфекции; ублажува алергии и астма; помага при болести на коските; ја јакне надбубрежната жлезда




Ублажува симптоми од желудочни тегоби; во козметиката има широка примена, бидејќи го подобрува здравјето и квалитетот на кожата и косата; спречува опаѓање на коса; го опоравува организмот, ја враќа енергијата и ја зголемува издржливоста

НУТРИТИВНА ИНФОРМАЦИЈА

Сокот од коприва е богат со минерали: железо, калциум, фосфор, витамин А, витамин В2, витамин Ц, органски киселини, флавоноиди, билни масти, билни јаглени хидрати и билни белковини. Доколку се консумира секојдневно околу 200 мл од овој напиток, позитивните резултати би требало да бидат видливи за еден месец.

КАШЕСТ СОК ОД КОПРИВА

За овој рецепт потребен ви е блендер. За берење на копривата користете заштитни ракавици или кеса. Копривата берете ја од чист и незагаден предел, далеку од сообраќај. Листовите се зрели кога билката ќе достигне висина од 20 см и тогаш се најквалитетни.

Кога ќе се набере копривата е потребно да се испере неколку пати со ладна вода. За сок се користат листовите од копривата, односно врвовите од билката. За овој рецепт ви се потребни свежи листови.

Потребни состојки: 2 полни раце коприва и 250 мл врела вода

Постапка: состојките ставете ги во блендер и заедно измиксајте. Добиената содржина процедете ја низ цедалка и газа. Засладете со мед, шеќер, стевија или нешто друго. Кон.сумирајте веднаш.

СОВЕТ: Препорачана доза е една чаша дневно (200 мл). За вкусот може да се каже дека потсетува на чорба од спанаќ, па и покрај лековитоста, на некои не им одговара. Доколку правите поголема количина за да имате за подоцна, сокот би требало да го замрзнувате.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.