Се користи шолја од 250 мл

Потребни состојки за шербет/сируп:

1 шолја шеќер
1 шолја вода
малку лимонов сок

за тесто:

4 јајца
1 шолја шеќер или 200 г
1 шолја гриз или 200 г
1 шолја мак или 170 г
1 шолја масло
1 ванилин шеќер, малку сол

за крем:

250 г крем сирење (абц намаз, Филаделфија, свежо сирење)
200 г кисела павлака или милерам
200 г матена павлака во шлаг

Потребни состојки:

Прво го вариме шербетот: во еден сад на оган ставаме вода, шеќер и малку лимонов сок. Оставаме да поврие 2-3 минути и го тргаме од рингла. Шербетот се остава да излади.

Потоа го приготвуваме садот и миксерот. Може да се користи шолја или чаша, но ако сепак сакате да вагате, состојките се наведени и во грамови.
Прво се матат јајцата со шеќерот во пенаста смеса. Се додава сол и ванилин шеќер.

Потоа во смесата се додава една шолја гриз и една шолја мак. Се промешува и на крај се додава шолја масло. Сето добро се мати со миксер.
Се приготвува калап 26 см и се обложува со хартија за печење. Може да користите и помала тепсија со правоаголен облик, па до сечете колачот во коцки.

Колачот се пече во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути. Кога колачот е готов се вади од рерна, се боцка со чепкалка и се пелива со изладениот сируп. Значи топол колач со ладен шербет.

Додека колачот се лади, се микса шлагот, а потоа се меша со сирењето и милерамот, па во неколку наврати се додава шлагот во кремот од сирење.
Врз колачот се нанесува кремот од сирење и шлаг. Го оставаме колачот во фрижидер добро да излади и кремот да се стегне. Изладениот колач се сече по желба.

Кај мене овде се’ уште е топол, бевме нестрпливи и го исековме. Подоцна кремот убаво зацврсте и подобро се сечеше.
Многу добро одговара со шолја кафе. А што се однесува до кремот, можете да го исклучите шлагот и само да измешате крем сирење со милерам. Во кремот не е потребно да се додава шеќер зошто колачот од шербетот е доволно сладок. Колачот е лесен и освежувачки.