Зимно време имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а токму во тој период ни се потребни повеќе витамини и минерали, дури и повеќе отколку во лето. Сепак и летото може да биде многу жешко, времето суво, спарно и иcцрпувачко.

рецепт 1

Во овој период најдобро е да се пијат повеќе течности, особено вода за да се обезбеди хидрираност на телото, а подолу ви претставуваме еден интересен рецепт за туршија кој може да се подготвува во текот на целата година.

Многу е вкусна и освежителна, но и декоративна. Подолу можете да прочитате уште еден сличен рецепт, за кој можете да погледнете и видеопрезентација. Еве што ви е потребно:

рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг краставици, 1 кг моркови, 1/2 кг зелени домати, 1/2 кг зелени пиперки, 1 кг карфиол, 1 кг зелка. Други потребни состојки: 750 мл бел оцет 9%, 250 г шеќер, 150 г сол, 250 мл вода, 1/2 литар масло, 1 кесичка црн пипер.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг зелка исечкана на средни коцки, 1 главица поголема исечкана на цветчиња, 700 г моркови исечкани на тркалца, 1 кг црвени пиперки исечкани на коцки, 5 листови целер, крупно исечени, по 4 лажици бел оцет 9% за секоја тегла, по 1 лажица шеќер за секоја тегла, по 1 лажица сол за секоја тегла, по 2 апчиња аспирин за секоја тегла и зовриена вода за дополнување на теглите.

ПОСТАПКА за рецепт 1: измијте го сиот зеленчук и исечете го на прстени, а зелката на тенки парчиња. Морковот исчистете го и цел ставете го врела вода, па варете го приближно 5 минути. Извадете го со решеткава лажица и оставете да се олади, па исечете го на кругови.

Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и црн пипер и варете на тивок оган додека да зоврие. Откога ќе зоврие, распоредете ја водата во тегли во кои претходно сте го ставиле сечканиот зеленчук. Топлата саламура е најдобро да се става постепено за да се загрее стаклото и да не дојде до пyкање на теглите. Добро затворете ги, завиткајте ги во ќебе и оставете ги да се оладат. Салатата може да се јаде уште следниот ден.

ПОСТАПКА за рецепт 2: зеленчукот убаво измијте го под млаз ладна вода и оставете го да се исцеди. Една поголема главица зелка од 2 кг исчистете ја од надворешните листови и отстранете и го тврдиот кочан. Потоа исечкајте ја на коцки приближно 1х1 цм.

Карфиолот откако ќе го измиете отстранете му ги тврдите делови и исечкајте го на цветчиња со средна големина. Морковите исчистете ги и исечете ги на тркалца со големина по ваша желба. Пиперките исчистете ги од семето и петелките, па и нив исечете ги на коцки, а листовите од целер може да ги искинете или исечете покрупно.

Стаклените тегли стерилизирајте ги во рерна на 90 – 100 степени околу половина час, па откако ќе изладат започнете да ги полните со зеленчукот. Во секоја тегла ставајте по една рака од секој зеленчук (или можете истиот претходно да го измешате во голем сад).

Во секоја тегла ставете 4 лажици бел оцет 9%, по една лажица сол и шеќер, како и две апчиња аспирин. Прелијте постепено со врела вода одозгора да се прекрие зеленчукот до врвот и веднаш затворете ја теглата со метален капак. Теглите е најдобро да се загреваат постепено и да бидат поставени под дебела крпа.

Затворената тегла преврете ја наопаку, а после 10 минути превртете ја уште неколку пати и малку протресете ја за да се растопат таблетите. Уште подобро ако аспиринот претходно го изронете во прав. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.