Шампитата во странските земји, подалечни од Балканот е позната како Мерингова пита. Иако тие немаат конкретно име за Шампитата, нивниот „меринг“ колач најчесто претставува десерт со облик на ролат од белки исполнет со фил во внатрешноста.

Оваа шампита која го задржува својот облик и по 3 дена, успева секој пат, а се подготвува многу брзо и лесно. Рецепт на Аријева Кујна. Многу е мека, воздушеста, а својот облик го задржува и до 3 дена, доколку не ја изедете веднаш.

„Шампитата е старински колач кој или го сакате или не го сакате, нема средина. Многу ме прашуваа дали имам рецепт за шампита без топење на шеќерот и правење шербет, а овој рецепт е токму таков”, вели Санела. Еве кои состојки ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 8 жолчки со средна величина, 8 лажици шеќер, 8 лажици масло, 8 лажици млеко, 8 лажици брашно, половина мала лажичка прашок за печиво.

ЗА ШАМОТ: 8 белки, 24 лажички шеќер, 1 лажичка лимонов сок, неколку капки екстракт од ванила или 2 кесички ванилин шеќер. На 1 жолчка оди по 1 лажичка млеко, масло и брашно. На една белка со средна величина одат по 3 лажички шеќер.

На голема белка одат 4 лажици шеќер, а на мала 2. Нa 1 јајце со средна големина оди по 45 г шеќер, ако јајцата се големи, тогаш 60 г шеќер по јајце. Запомнете, подобро е да ставите повеќе шеќер отколку недоволно.

ПОСТАПКА: За подготовка на кората, во еден сад додајте ги жолчките заедно со шеќерот и матете со миксер 2 минути додека да се формира кремаста смеса. Потоа во смесата се додава маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво и се мати со рачна жица до соединување.

Јас шампитата ја сакам висока, па затоа смесата за кора ја печам во помал калап (со димензии 24×24), но доколку сакате да е поголема, но пониска може да ја печете и во плех по ваш избор. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 7-10 минути со повремено проверување.

Подготовка на шлагот: Во помало тенџере кое собира 1,5 л се додава 1/3 вода и во него се става уште еден сад во кој претходно сте ги ставиле белките и малку сте ги разматиле заедно со шеќерот, ванилиниот екстракт и лимоновиот сок.

Важно е само садот со белките да не ја допира водата која што е во тенџерето. По зовривање на водата, ринглата се намалува на средна температура и се остава да се готви 10 минути со мешање. За ова време јајцата ќе се пастеризираат.

Покрај тоа, ќе забележите како смесата ќе стане поретка, а шампитата ќе биде цврста, без течности и ќе може да стои до 3 дена без да омекне или да се спушти. По изминати 10 минути, смесата се проверува со прст дали е готова.

Потоа садот на пареа се трга од тенџерето и се мати на најсилна брзина со миксер, 7-8 минути додека да се формира цврст снег. Може да треба и повеќе матење, во зависност од смесата, но тоа ќе си процените сами.

Се зависи од јајцата, важно е да изматите цврст шам, па дури и да матите 15 минути. Доколку смесата не е цврста, шампитата ќе спласне уште следниот ден. Најдобро е да користите стаклен или керамички сад за матење.

Шамот се премачкува врз кората која претходно ја испековте, добро се измазнува и се декорира по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.