Печеното пиле или кокошка е еден од најчестите македонски ручеци кои се подготвуваат во комбинација со печен ориз, печени компири или салата… Пилето понекогаш може да излезе суво, а иако однадвор може да делува како да е совршено, не значи дека истото е и во внатрешноста.




Една жена која често подготвувала пиле, постојано експериментирала со различните зачини и останати состојки додека дојде до совршениот рецепт за сочно пиле. Таа самата вели дека при секој залак, тече сок од него, од што е сочно. Со овој рецепт може да се приготви пиле или кокошка. Еве што ви е потребно за да го подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пиле, 1 голема лажица мајчина душица, 2 големи лажици италијански зачини, 1 мала лажица кумин, 2 големи лажици кромид во прав, 1 1/2 голема лажица лук во гранули, 2 големи лажици специјален зачин за пилешко месо, 1 голема лажица сува зачинска пиперка, 1/4 лажица сол, 1 мала лажица црн пипер, 2 големи лажици несолен путер, 2 големи лажици масло.




ПОСТАПКА: Погоре можете да ги прочитате зачините кои ги користам кога подготвувам пилешко месо, вели жената. Обично користам пиле со нормална големина, ако имате поголемо, треба да ги зголемите состојките на зачините и маслото.




Пилето ставете го на една поголема дрвена даска или на пространа чинија. Сувите зачини измешајте ги во еден сад, освен мајчината душичка. Ова навистина не е многу зачини, бидејќи повеќето од нив се губат во текот на печењето и затоа понекогаш пилето излегува суво.




Најпрво, маслиновото масло прелијте го врз пилето и убаво и рамномерно премачкајте го додека да се обложат сите страни од пилешкото. Постои еден трик каде што се отвора средишниот дел на пилето, односно се крши р’бетот за да биде рамно и да може поубаво да се испече.

Користејќи пар кујнски ножици, исечете ја задната коска со сечење на секоја страна за да ја отстраните. Превртете го пилешкото и поставете го рамно на даската за сечење. Со двете раце, цврсто притиснете ги пилешките гради за да ја скршите коската и израмнете го пилешкото најдобро што можете.




Во овој рецепт, баш е користен тој метод, односно пилето изгледа отворено од задната страна. Од внатрешната страна се започнува да се зачинува месото, а зачините се вметнуваат и во сите празнини и убаво се прилепуваат за маслото.




Особено обратете внимание на премачкување на копаните, бидејќи месото во тој предел излегува многу суво. Во едно тавче или тепсија за печење додајте го путерот и ставете на рингла да се растопи. Сочувајте малку путер за подоцна.




Пилето се става со внатрешноста свртена кон дното на тавчето. Одозгора се прелива со останатиот путер. Вака се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 1 час. После ова добивате многу сочно пиле со крцкава коричка. На крајот, наросете малку сува мајчина душичка врз него. Деталите може да ги погледнете ОВДЕ.