Карамелот е многу вкусен прелив крем кој дечињата особено го обожаваат. Има сладок вкус со незабележлива солена нота која уште повеќе ја потенцира аромата на кикирики, а ако сте пробале „солена“ карамела тогаш знаете што е вистинско задоволство. Kарамелот стои по неколку дена во фрижидер без да се расипе и го задржува својот вкус, како штотуку да е направен.
Може да го мачкате на палачинки или да го ставате во рецептите за некои торти и колачи. Карамелот може да послужи како декорација на тортите, а се става и за подобрување на вкусот на сладоледот. Може да го ставате во мала количина кога наутро ќе си направите овесна каша за појадок.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3-4 лажици вода, 180 г шеќер, 200 мл слатка павлака, 20 г путер, арома на ванила, сол. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ-СОЛЕНА ВАРИЈАНТА): 1 чаша (200 г) шеќер кристал, 6 лажици (90 г) солен путер на собна температура исечкано на 6 парчиња, 1/2 шолја (120 мл) густ крем, на собна температура, 1 лажичка сол.
ПОСТАПКА: Во едно пространо тавче додајте сосем малку вода. Тавчето треба претходно да биде загреано на собна температура. Кога водата ќе почне да зоврива, се додава 180 г гранулиран/кристал шеќер и се престанува со мешање.
Повремено можете да го навалувате тавчето на едната или другата страна, но никако не мешајте го тавчето. Ринглата треба да биде вклучена на средна кон ниска температура. Кога шеќерот ќе почне да се растопува, разлејте ја малку смесата на едната, па на другата страна од тавчето.
Постепено смесата ќе почне да добива боја на килибар и ќе почне да издувува меурчиња. Внимавајте да не ви загори. Кога ќе добие убава боја и убав мирис, тргнете го тавчето од рингла и во смесата веднаш додајте ја неутралната павлака.
Со постојано мешање додавајте го густиот крем. Со оглед на тоа што густата павлака е поладна од топлата карамела, карамелот брзо ќе се стегне, но тоа не треба да ве загрижува. Започнете енергично да ја мешате смесата со шпатула додека да почне карамелот да се растопува, дури и ако процесот трае 3-4 минути.
Кога целата смеса ќе стане еднолична и течна, со густа конзистентност, по желба додајте го путерот (несолен или солен, каков што преферирате). Измешајте го путерот во топлата смеса додека да се растопи, а по потреба ставете на рингла, доколку смесата е веќе оладена.
На крајот, во карамелот се додава есенција од ванила за подобар вкус. Карамелот е потребно да се складира во чиста тегличка во фрижидер и ќе добие слична конзистентност на крем. Во секој случај, може да се црпи со лажица. Карамелот во фрижидер има поголем рок на траење.
За солената варијанта, практикувајте ја првата постапка, со тоа што треба да додадете повеќе солен путер и 1 лажичка сол. Останатото останува на вас, густата павлака може да биде неутрална или слатка, во зависност од блажината која ја преферирате. Деталите од целата постапка за првиот рецепт можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.