Во народната медицина смоквата се користи против опстипација, забоболка, отоци, тумори, кашлица, брадавици, воспалено грло, чиреви и гнојни апцеси. Во некои земји од млечниот сок се прави посебен вид сирење кое е наменето за доилки кои останале без млеко.

Р Е Ц Е П Т И

НАПИТОК ЗА ЈАКНЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

1 литар црно вино
1 шака суви сомелени смокви
1 шака мелен рогач
2-3 каранфилчиња
малку шеќер по вкус

Се става на оган да проврие 10-тина минути, се остава да излади и се складира во стаклено шише кое се чува во фрижидер. Се пие по 80 мл трипати дневно.

ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ

20 г синап
200 г суви смокви

Се меле семето и се меша со изблендирани суви смокви. Со добиената каша се мачка врз парче газа и се става како облога на уво.

НЕГА НА КОСА

Смоквите поттикнуваат раст на косата и ја негуваат. Во шампонот или регенераторот ставете неколку капки масло од смокви, оставете да делува 5 минути па исплакнете.

ДОМАШЕН ЛИКЕР ОД СМОКВИ

1 кг свежи смокви
1 литар лозова ракија
500 г шеќер

Смоквите наредете ги во стаклена тегла и прелијте ги со ракија. Заворете со ленена крпа и оставете две седмици на топло, па процедете. Растопете го шеќерот на оган со малку вода да добиете густ сируп, па додадете го во процедената ракија. Добро промешајте, повторно прелијте преку смоквите и затворете. После една седмица ликерот ќе биде готов.

ПРОТИВ КАЛУСИ (ЖУЉЕВИ)

Неколку пати дневно се трие со свежи листови од смоква на проблематичното место. Потребно е да се намачка и со млекото. Ова се прави во доцна пролет, лето или рана есен.

ПРОТИВ ЗАПЕК

3-4 суви смокви
3-4 суви сливи
200 мл вода

Исечете ги сувите смокви и сливи и прелијте ги со водата. Оставете да отстои преку ноќ. Наутро процедете, испијте ја водата а плодовите изедете ги.

АФТИ

Против непријатните афти, џвакајте 2-3 млади и понежни листови од смоква, а потоа исплакнете ја устата со вода. Освен што се елиминираат инфекциите во устата, се добива и многу пријатен и свеж здив.

ЗА ГРЛО

За да се ослободите од непријатното гребење во грлото, измешајте три суви смокви, мед и топла вода. Овој напиток пијте го во текот на денот.

ЗА ЈАКНЕЊЕ НА СЕКСУАЛНАТА ВИТАЛНОСТ

Натопете неколку смокви во млеко одвечер, на наутро изедете ги наместо појадок.

ПРОТИВ ГНОЈНИ КЕСИ НА НЕПЦАТА

Смоквата пресечете ја на два дела, ставете ја во сад и прелијте ја со млеко колку да се прекрие. Варете неколку минути, а потоа смоквата ставете ја на болното место. Постапката се повторува 2-3 пати, по што пука гнојната кеса.

ЗА ЖЕЛУДНИК, ХЕМОРОИДИ, ХОЛЕСТЕРОЛ, АНЕМИЈА, АСТМА, БРОНХИТИС, НЕПЛОДНОСТ

30 суви смокви наредете ги во тегла и до врв прелијте со маслиново масло. Затворете и чувајте во фрижидер еден месец. После тоа се јаде по една смоква пред секој оброк.

БРАДАВИЦИ

Се мачка со млечниот сок од смоквиниот лист кога ќе се пресече.

ЧАЈ ЗА БРОНХИТИС, ЦИРОЗА НА ЦРН ДРОБ, КОЖНИ ПРОБЛЕМИ, ВИСОК ПРИТИСОК, ДИЈАБЕТЕС

Две лажички лист од смоква се прелива со 200 мл врела вода, се остава поклопено 10 минути, се процедува и се пие наутро со појадок.

ВИНО ОД СМОКВИ

1 кг суви и меки смокви
10 смрекинки
10 литри вода
1 буре

Сите состојки се ставаат во дрвеното буре и се затвораат со дрвен капак или ленена крпа. Се остава 10 дена. После ферментацијата се процедува и се складира во стаклени шишиња. Се користи после седум дена и се чува во фрижидер.

ДОМАШЕН ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО

1 лажица шеќер
2 лажици свежо исцеден сок од портокал
1 изгмечена со виљушка свежа смоква
неколку капки маслиново масло

Сите состојки се машаат и се користат за пилинг еднаш седмично.

ПОДОЧНИЦИ

Свежа смоква пресечете ја на половина и како облога нанесете ја на очните капаци, 20 минути.

ИЗГОРЕНИЦИ И РАНИ

Сварете сува смоква во млеко или вода, изладете и пресечете ја на половина и ставете на изгореницата или раната.