Семките од сончоглед содржат витамин Е и магнезиум, па затоа се одлични за кожата, коските и дигестивниот систем!

Семките од сончоглед се вистинско богатство од витамини, минерали и други хранливи материи.

Сончогледовите семки често се грицкаат додека се гледа филм, некој спортски натпревар, на клупа во парк…еднаш кога ќе почнете да ги грицкате – нема запирање, толку се заразни. Особено кога семките се добро испечени, солени и сочни…нема крај. Но, ваквите семки содржат доста сол, па може да ја иритираат слузокожата на устата и усната шуплина, а особено треба да бидат внимателни луѓето со висок крвен притисок. Затоа, најполезни се и најмногу се препорачуваат несолените и непечените семки од сончоглед.

1.ШТИТИ И ЈА НЕГУВА КОЖАТА

Витаминот Е е една од клучните состојки на сочогледовото семе, кое има функција да ја штити кожата од оштетувања кои настануваат при метаболитичките процеси, како и оштетувања од сончевите зраци. Со самото тоа се спречува појава на брчки. Што се однесува до оние кои се чувствителни на сонце, би требало почесто да ги јадат сончогледовите семки, бидејќи покрај другото, содржат и бета каротен кој кожата ја прави помалку чувствителна на сонце.

2.ОДЛИЧНИ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Семките од сончоглед содржат магнезиум кој може да не’ ослободи од напнатоста. Исто така, ги ублажува болните мигрени. Сончогледовите семки имаат ефект врз расположението, така што ги намалуваат шансите од заболување од депресија. Содржат есенцијална аминокиселина која помага во производство на серотонин, хормонот на среќата. Кога нашиот организам лачи серотонин, се ублажува во голема мера напнатоста, се смирува мозокот и помага при опуштање.

3.ЗДРАВИ СЕ ЗА КОСКИТЕ

Како што веќе напишавме, сончогледовите семки се богати со магнезиум, кој покрај калциумот е неопходен минерал за силни и цврсти коски. Овие семки содржат и бакар, кој е многу важен за функционирањето на ензимите кои им даваат сила и флексибилност на коските и зглобовите.

Витаминот Е во овие семки е доста ефикасен и за намалување на симптомите од артритис, благодарение на своите антивоспалителни својства.

4.ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Витаминот Е е многу важен за превенција од болести на срцето, а овој витамин во сончогледовите семки го има во изобилство.

Витаминот Е е силен антиоксиданс, го намалува холестеролот кој предизвикува атеросклероза, што доведува до затнување на артериите, срцев удар или мозочен удар. Сончгледовите семки обезбедуваат преку 90% од препорачаната дневна доза од витамин Е.

5.ЈА ПОДОБРУВА ДИГЕСТИЈАТА

Поради големата количина на диетални влакна, семките од сончоглед се одлични за побрзо варење на храната и помагаат при лекување на опстипација.

Loading...