Голем дел од светската популација има тегоби од некој хроничен дигестивен проблем кој тешко или речеиси е невозможно да се лекува. Гастритисот може да биде предизвикан од бројни фактори, но главно, состојбата се јавува поради нездрава исхрана и неправилен начин на живот.

Дијареата и гастритисот се најчестите дигестивни проблеми ширум светот. Постојат голем број медицински третмани кои може да помогнат, но тие се доста скапи и долготрајни, а не можат сите луѓе истите да си ги дозволат. Еден од најчестите природни лекови против дигестивни пречки е нането.

Нането е билка со бројни здравствени предности и исто така лесно се одгледува, па затоа секој треба да си ја има засадено во својата градина.

За да ги искористите лековитите својства на билката, можете да приготвите едноставен лек кој ќе ги реши сите проблеми со дигестијата и ќе го подобри вашето општо здравје.

Еве што треба да направите:

Потребни состојки:

4-5 листови свежо нане
200 мл минерална вода

Постапка:

Прелијте ги листовите со зовриена вода и оставете поклопено да отстои 10-тина минути. Потоа процедете и пијте го напитокот после оброк.

Овој чај може да го намали стресот и да ги смири нервите, благодарение на неговите седативни својства. Помага да се намалат болките во желудникот предизвикани од гастритисот, целосно е природно и не го загрозува здравјето како другите апчиња.

Аромата и вкусот се многу пријатни, и секогаш по потреба приготвувајте си го овој билковен чај.