Поради неговите својства, грејпфрутот е квалификуван како диететско овошје. И навистина, целулозата, семето и кората на овој цитрус содржат голем список на здравствени благодети.

Еве неколку здравствени и гизички проблеми кои семето на грејпфрутот може да ги реши. Сите сме запознати со здравствените предности од консумирањето на грејпфрутот, но дали знаевте дека и семето на ова овошје е исто така многу лековито?

Од семето на овој цитрус се цеди екстракт кој има лековити својства. Екстрактот од семето на грејпот се користи во домаќинството (спречува развој на мувла и бактерии, ја дезинфицира водата, се бори против паразити и микроби во сточната храна), но и за лична хигиена.

Меѓу корисните квалитети на семето се набројуваат следниве својства: антиоксидантно, антиинфламаторно и антимикробно. Наведените лековити својства на овој природен производ овозможуваат екстрактот од семките на грејпфрутот да се сметаат за универзален природен лек кој се користи за широк спектар болести.

ЗА ВАРЕЊЕ – Значителен дел од дигестивните пореметувања е причинет од брз развој на патогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Со овие патологии, антимикробните способности на семето од грејпот можат да помогнат.

ПРОТИВ ИНФЕКЦИИ – Експертите забележале позитивен ефект на семето од грејпот во лекувањето на инфекции на уринарниот тракт. 5-6 семки ако се консумираат трипати дневно, се еквивалентни на ефектот на некои антибиотски лекови.

КАНДИДА – Оваа габичка расте во дигестивниот тракт и предизвикува дигестивни патологии. Екстрактот од семките на грејпот се покажал ефикасен во елиминацијата на оваа габа. Производот исто така, се користи и за лекување на габична инфекција на ноктите.

Екстрактот се зема орално (со препорака и упатство на лекар) и се применува надворешно на проблематичната област. Резултатите од истражувањето објавено во Journal of Alternative and Complementary Medicine, укажуваат дека овој екстракт убиштува 800 соеви вируси и бактерии, 100 соеви габички и разни паразити.

ЗА ХОЛЕСТЕРОЛ – Антиоксидантите содржани во овие семки го одржуваат “добриот” холестерол и го намалуваат нивото на “лошиот” холестерол, а служат и како добра превенција од кардиоваскуларни патологии како што се срцев удар, мозочен удар и атеросклероза.

ЗА ДИЈАБЕТЕС – За пациентите со дијабетес тип II, присуството на антиоксидантот наречен нарингенин во ова семе е исклучително корисно, што ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин. Овој антиоксидант придонесува за корекција на тежината која им е потребна на многу дијабетичари.

ИНХИБИТОРИ НА ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ КАРЦИНОМ – Лиминоидите кои се наоѓаат во семките од грејпот спречуваат напредување на одредени видови карцином. Овие биоактивни суспстанции од групата фитонутриенти ги стимулираат “лошите” клетки да се самоуни-штуваат без да ги оштетат “добрите” клетки.

ЗА СЛАБЕЕЊЕ – Семето од грејпфрутот го активира метаболизмот и го коригира метаболизмот и го коригира апетитот, благотворно делувајќи врз процесот на слабеење и активирање на согорувањето на масното ткиво.

ПРОТИВ ГИНГИВИТИС – како природен антибиотик, екстрактот од семки од грејп се користи во лекувањето на болести на непцата. Во профилактички цели и за лекување на гингивитис, семето треба да се скрши и нежно да се втрие на непцето (или да се мачка со водата во која отстојало скршеното семе).

ВО КОЗМЕТИКА – Семето од грејпот се користи за нега и заштита на кожата со помош на нивните составни супстанции и тоа: линолна киселина, витамин Е, флавоноиди, процијанидини. Процијанидините ги штитат клетките на епидермисот од оксидативен стрес, ја зголемуваат еластичноста и го инхибираат предвременото стареење.

Семето од грејпот се покажало ефикасно и во лекувањето на дерматолошки заболувања предизвикани од бактерии, вируси и сл. Семето од грејп може да помогне кај акни, егземи, кандидијаза, брадавици, па дури и лишаи. Наведениот производ помага во јакнење на коренот на косата, се бори против првут, а и благотворно делува врз растот на косата.

НАПОМЕНА: Производот може да предизвика алергија. Во комбинација со други лекови може да предизвика мускулна слабост. НЕ се препорачува да се консумира за време на бременост и во текот на доењето. Иако е сосем природен лек, семето од грејпот исто како и плодот не смее да се консумира доколку пиете некои лекови и задолжително мора да се посоветувате со вашиот лекар.