Ако барате лесен летен колач, тогаш пвпј рецепт со ананас и шлаг ќе ве воодушеви. Потребно е да направите пандишпан според овој лесен рецепт, па да го измешајте тестото и ананасот и кога ќе се испече, и на крај да го декорирате со шлаг.

Овој вкусен, сочен колач може да го приготват дури и потполни почетници. Не ги пропуштајте ниту советите на професионалните слаткари за тоа како најдобро се печат колачите и тортите. Видео рецептот со малку изменети состојки можете да го погледнете ОВДЕ.

Потребни состојки: 350 грама брашно, 250 грама шеќер, две лажички прашок за печиво, половина лажичка сол, 230 грама путер омекнат на собна температура, една лажичка екстракт од ванила, 240 милилитри млеко, 80 грама кисела павлака, 3 јајца, ананас од конзерва или свеж ананас, 400 милилитри слатка павлака за шлаг

Постапка: веднаш загрејте ја рерната на 180 степени. Одделете неколку прстени ананас за декорација, па исечете го остатокот на коцки. Просејте го брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта.

Добро промешајте да се изедначат состојките. Путерот пенасто изматете го, па додајте ги сувите состојки и половина од целата киоличина на млекото. Со миксер изматете ја мешавината неколку минути, па додајте го остатокот од млекото, павлаката и јајцата.

Во тестото додајте ананас исечен на коцки со големина на залак, па прелијте го во подлабок калап и стевете да се пече околу 30 минути. Печениот колач оставете го да се олади, а потоа изматете шлаг и рамномерно распоредете, па израмнете ја површината.

Декорирајте со ананас, изладете и послужете. Прочитајте го и вториот рецепт за АНАНАС ФАНАТАЗИЈА КОЛАЧ, предобар е, ако го сакате вкусот на ова јужно овошје – нема да ве разочара! Кремот е без брашно и путер, со минимално шеќер…

Потребни состојки за тесто: 6 јајца, 120 г шеќер, 120 г брашно. За крем: 200 мл млеко, 100 г шеќер, 5 жолчки, 1 ванилин шеќер, 20 г (2 кесички) желатин во прав, 500 мл слатка павлака, една поголема конзерва ананас (или свеж).

За шаум: 5 белки, 200 г шеќер, прстофат сол. И уште ќе ви биде потребно: 50 г чоколадо за готвење (за декорација), 3 супени лажици млеко

Постапка: белките изматете ги во цврст снег, со мал прстофат сол и две лажици шеќер (шеќерот се додава некаде на средина од матењето и се продолжива со миксање додека да се растопи и да се добие цврст снег).

Жолчките пенасто изматете ги со преостанатиот шеќер додека тој да се растопи, а смесата да побели, потоа додајте брашно и на крај полека додајте го снегот од белки. Мешајте со лажица за да остане смесата воздушеста.

Добиената смеса рамномерно распоредете ја во намастен и набрашнет плех или калап со димензии 25х35 см и печете во загреана рерна на 180 степени околу дваесет минути (проверете со чепкалка).

Печениот бисквит оставете го да се олади и испрскајте го со малку млеко за да биде сочен (да не е сув). Подгответе го кремот: млекото, жолчките, шеќерот, желатинот и ванилин шеќерот добро измешајте ги и ставете ги на пареа да се свари со постојано миксање.

Миксајте додека смесата да стане густа и мазна, околу 10-тина минути, па оставете да се олади. Измиксајте ја слатката павлака, соединете ја со изладениот крем од жолчки и испасираниот ананас, па со добиената смеса премачкајте го бисквитот.

Шаум: белкуре, со малку сол и со постепено додавање на шеќерот измиксајте ги на пареа додека шеќерот целосно да се растопи и шаумот да стане густ, сјаен и цврст (околу 7-8 минути), па премачкјате врз кремот.

Колачот украете го со рендано чоколадо. Добро изладете го па сечете го на коцки и послужете го. / Масатера / Сооlinarika