Доматите содржат изобилство на витамини, минерали и антиоксиданси, па затоа особено им се препорачува на жените над 50 години!

Од тестенини и пици, до салати и сосови, доматите се едни од омилените состојки во речиси сите кујни од светот. Покрај одличниот вкус на доматите кои доминираат на летните трпези, тие се исклучително здрави и содржат бројни витамини, минерали и хранливи својства.

Доматот е овошје богато со витамини А, Б1, Б3, Б6, Ц и К, а содржи минерали како бакар, калиум, магнезиум, како и растителни влакна и шеќер. Многубројни експерти и нутриционисти се согласуваат дека доматите се одлична храна за сите генерации, но истакнуваат дека имаат посебни позитивни ефекти кај жените постари од 50 години. Зошто е тоа така?

Еве 4 одлични причини зошто жените над 50 години треба да јадат повеќе домати:

1. Позитивно влијае на здравјето на срцето – Доматите можат да помогнат во одржувањето на кардиоваскуларното здравје. Богати се со ликопен, каротеноид кој на доматите им ја дава карактеристичната црвена боја.

Некои студии покажале дека ликопенот може значително да го намали ризикот и да спречи кардиоваскуларни болести, како и да помогне во целокупното здравје на срцето. Доматите се исто така добар извор на калиум, кој е еден меѓу најзначајните минерали за срцето.

2. Додајте домати во вашата рутина за нега на кожата – Ликопенот е исто така антиоксиданс и може да помогне во негување на вашата кожа. Доматите во никој случај не се замена за крем со фактор кој го намалува ризикот од УВ зрачење, но може да помогне вашата кожа дополнително да се заштити за време на сончањето.

3. Домати за здравјето на вашите очи – Доматите се богати со бројни фитохемикалии, каротеноиди како што е споменатиот ликопен и други како бета каротен и лупин. Овие соединенија имаат позитивно влијание врз доброто здравје на очите, особено како што телото старее.

4. Домати за намалување на симптомите на менопауза – Една од главните причини зошто доматите се препорачуваат за жени над 50 години е тоа што тие можат да помогнат во олеснување на симптомите на менопауза.

Доматите содржат значителна доза на витамин Б6, кој е од витално значење за рамнотежата на естрогенот и прогестеронот. Во фазите кога овие хормони се надвор од рамнотежа, ни станува тешко да ги контролираме симптомите на менопаузата.

Психолошките симптоми кои преовладуваат пред, за време и по менопаузата може да бидат поврзани со оксидативниот стрес.

Споменатата студија ја истакнува важноста на антиоксидантното дејство на ликопенот, моќна состојка од домати која е позастапена во доматниот сок отколку во свежите плодови. Олеснувањето на стресот има ефект на спречување на топлите бранови.

Здравјето на жените поради вишокот килограми може да биде загрозено по менопаузата, поради зголемената тежина која е придружена со ризик од покачени триглицериди во крвта. Сокот од домати ги намалува триглицеридите, го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот.