Сторијата за Грег Смит се појави во 2016 години и набрзо стана вирална, бидејќи она што го направи овој човек остана забележано од целата јавност. Вистинската приказна за овој млад човек и бездомничката е инспиритивна и ден денес, па многумина ја споделуваат за да не се заборави. Еве што се случило:

Грег Смит е младо и успешно момче, основач на фитнес центарот „Hybrid Athletes LLC“ во Орландо, Флорида. Тој за себе секогаш велел дека имал среќа што го одгледале родители кои можеле да му обезбедат ресурси и да му овозможат остварување на неговите соништа. Својот успех во кариерата го должи на своето семејство.

Се чини, дека неговите родители освен ресурси, на својот син му дариле и благо, хумано срце. На патот кон својата работа тој редовно среќавал една иста бездомничка која ниеднаш не му побарала пари. Наместо тоа, таа љубезно го поздравувала, му се насмевнувала и му посакувала убав и успешен работен ден.

Бидејќи често одел на бизнис состаноци облечен во одело, редовно го запирале бездомници кои проселе пари од него, но не и оваа жена. Во текот на неколку недели Грег започнал да застанува и со жената да разговара, па така дознал дека се вика Ејми Џо и дека е љубезна, нежна жена со која животот едноставно бил груб.

Оттогаш Грег започнал редовно да застанува и да разговора со неа, а наскоро почнал секој вторник да руча со неа. Меѓутоа, еден ден тој дознал што таа прави со собраните пари и за Грег сè се променило.

Неговата приказна станала вирална откако тој ја објавил и јавноста посакала да и помогне на оваа жена. Имено, Ејми му кажала на Џо дека сите пари што ги собира од просењето ги дава за изнајмување на книги од локалната библиотека со кои се обидувала да научи да чита.

„Минатата недела Ејми Џо ми кажа нешто неочекувано – таа не знае да чита. Ејми Џо не пуши, не пие, нема зависност од дpога или ништо од таа природа. Едноставно, никогаш никој не ја научил да чита.

Ми кажа колку и било тешко да најде работа зашто не знае да чита. Ми раскажа дека парите што успева да ги собере ги користи за да изнајми некои книги од библиотеката што би можеле да и помогнат да научи да чита, наместо да купува ХРАНА. Ова ме здроби! Таа повеќе би сакала да научи да чита за да најде работа, па дури потоа да јаде!“

„Благословен сум со двајца неверојатни родители и семејство кое отсекогаш имало ресурси да ми обезбеди сè што сакав да правам. За жал, Ејми Џо немала. Така, сега не само што Ејми Џо и јас седиме и ручаме, туку и јас ја учам да чита. Изнајмувам по една книга од библиотеката неделно и ја читаме заедно во вторник, па таа вежба сама во текот на остатокот од неделата.

Со оваа објава на никаков начин не сакам некој да натерам да се сожали за Ејми Џо или да се пофалам дека правам нешто за некој помалку среќен од мене. Сакав да го споделам ова, бидејќи можеби може да доведе до тоа некој да помогне на друго лице“.

„Има многу луѓе како Ејми Џо, не сите се гладни, бездомници или повредени. Некои би можеле да бидат твоето семејство или пријатели. Да му помогнеш на некого може да биде лесно како да се поздравиш и да се насмееш. Имав доволно среќа во мојот живот, па решив да пробам да се погрижам за Ејми Џо, и тоа е она што ќе го направам.“ Повеќе за оваа сторија прочитајте ОВДЕ.

Ако оваа сторија беше инспиративна за вас, лајкнете ја и споделете ја…ако не, и тоа е во ред. Но, никогаш не знаете што можете да направите за некого додека не се обидете. Која е вашата „Ејми Џо“?!

Ова е вид на приказна што ќе ви ја врати вербата во човештвото. Доколку се согласувате, ве молиме СПОДЕЛЕТЕ ја со вашите пријатели. Видеото погледнете го ОВДЕ. Ако сакате да прочитате уште една инспиративна приказна, истата ќе ја најдете ОВДЕ и ОВДЕ.