Сигурно многупати ви се случило да бидете сопрени на семафор или пред продавница и од вас да бидат испросени неколку денари. На Балканот е доста честа глетката на злоупотребени малолетни дечиња принудени да просат, но и на луѓе, кои за жал, живеат на маргините од општеството.

Бездомниците остануваат без својот дом и материјални средства за егзистенција, по некој сосем ненадеен случај, понекогаш поради своја грешка, а некогаш поради наметната, туѓа сила. Кога ќе наидеме на бездомник треба да бидеме добри со него и доколку сме во можност да му помогнеме на било каков начин, бидејќи не ја знаеме неговата животна приказна и што го довело до ситуацијата во која се наоѓа моментно…

За жал, има и такви кои глумат дека се бездомници, а просењето им е начин за да се стекнат со финансиски средства, за да можат да купат алк-охол, др-ога или едноставно да ги искоцкаат парите. Меѓутоа, каква и да е причината поради која еден човек станал бездомник или започнал да проси, не може, а да не разбуди емпатија кај секој добронамерен човек.

Веднаш се забележува според неговата хигиена и облека дека не станува збор за никакво фолирање. Речиси 80% од нив воопшто не се опасни и само бараат некоја пара колку да преживеат, но има и такви кои се агресивни и кои би можеле да ве нападнат. Постојат многу тажни приказни и судбини.

Пред извесен период во медиумите се појави фотографија на познат НБА кошаркар кој со картонска кутија просел пари и стоел на тротоар, а претходно заработувал милиони долари. Лоши вложувања во некои акции и бизнис, семејни проблеми…има многу тажни приказни и судбини…

Ова е една многу симпатична приказна од Њујорк каде една Французинка дошла да го посети “големото јаболко”.

Имено, оваа жена од Франција дошла во туристичка посета на Њујорк и таму здогледала бездомник кој ја замолил за помош. Таа му помогнала, му купила јадење и му дала неколку долари. Тој и се заблагодарил и ја извадил капата. Тогаш таа видела дека тоа е всушност познатиот холивудски глумец Ричард Гир кој бил на тајна задача.

Тој работел за кампањата за помош на бездомниците во Америка и со својот акт сакал да укаже на нивните проблеми. Меѓу другото, сакал да обрати внимание и за тоа колку луѓето им помагаат на ваквите случаи. Жената секако била видно возбудена и неколку дена подоцна се пронашла во сторијата на познатите светски медиуми.