Многу вкусна пита со сирење.

Потребни состојки:

250 г остро брашно
250 г меко брашно
1 јајце
50 мл масло
300 мл масло
сол по вкус

За фил:

750 г свежо кравјо сирење
2 јајца
сол по вкус
прелив: 500 мл неутрална павлака за готвење

Постапка:

Замесете тесто од наведените состојки. Тестото треба да бида жилаво. Потоа поделете го на половина, а од секоја половина формирајте топка.

Двете топки тесто намастете ги со масло и оставете ги да одморат половина час. На работната површина или на чаршав наросете брашно и развлечете кора.

Направете фил од сирењето и јајцата, па посолете по вкус. Нанесете фил на едниот крај од кората, па свиткајте во ролат.

Добиениот ролат со чинија или остар нож сечете го на парчиња со величина по ваша желба.

Во едно тенџере ставете вода, малку сол и лажица масло. Кога ќе зоврие, ставајте ги внатре парчињата да се варат околу 3 минути.

Потоа редете ги во намастен огноотпорен сад и прелијте ги со течна павлака. Ставете да се печат во загреана рерна на 200-220 степени додека убаво да зарумени.