Дрвата се нарекуваат “бели дробови” на нашата планета Земја. Овие прекрасни природни креации ги има во најразлични видови, форми, големини.

Може да сретнете неверојатно високи дрва, широки и разгранети, флексибилни, прекрасно обликувани, иглолисни, листопадни со најразличен облик на листовите.

Дрвата се прекрасни со својот изглед, мирис и релаксирачки ефект додека ги гледаме низ нашите прозорци или додека шетаме во парковите и шумите.

Без плодородните дрва не може да се замисли животот. Воопшто, без сите дрва не може да се замисли животот на оваа планета.

За жал, и покрај постојаното засадување на нови дрвца, сепак бројот на шумите рапидно се намалува, а со тоа се загрузува и опстанокот на целиот жив свет.

Секојдневно сме сведоци на безумни сечи на цели шуми и непочитување кон дрвата од кои ни зависи здравјето и животот.

Постојат неосвестени луѓе кои дрвата ги третираат само како предмети и средства за остварување на своите цели – богатење. Но, има и такви луѓе кои имаат развиена свест, па кон нив се однесуваат со љубов и почит.

Овие луѓе и нивните идејни решенија како да ја соединат цивилизацијата и природата – воодушевуваат и даваат надеж! Можеби ќе делуваат како инспирација и поттик за освестување и на неосвестените!

Погледнете ги овие фотографии на кои може да се види на кој начин дрвата се сочувани и како ја извојувале битката за живот.