Ништо не нè привлекува како свежо испеченото домашно тесто!

Ретко кој може да одолее на меки кифлички, полнети полжави или мирисна погача со крцкава кора и средина мека како памук.

Што и да правите, ретко кога веднаш сè се изедува и обично останува печивото кое после неколку часови стврднува.

Има и такви печива кои веќе следниот ден го губат вкусот и мирисот, се стврднуваат и не се ни одблиску она што биле кога тазе сте ги извадиле од рерната.

Тоа се случува така, главно поради состојките кои се ставаат во тестото, а кои по ладењето го стегаат печивото.

Меѓутоа, и за ова има решение – едноставно, пред печењето премачкајте го тестото со путер!

За уште подобар вкус, погачите и печивата премачкајте ги двапати со путер, а помеѓу два слоја со помош на четка премачкајте ги со изматено јајце.

Кога правите посен леб или печива, насекаде распоредите мали коцкички маргарин, па ставете да се пече. Во рерната ќе се растопат, а вашето тесто ќе биде неверојатно меко, колку долго и да стои.

ИСПРОБАН ТРИК:

Верувале или не, кога во тестото нема млеко и јајца, многу е помеко, а притоа не е ништо помалку вкусно. Таквите печива можат да стојат и со денови, без да се промени нивната!

Уште еден трик: Две минути пред да ги извадите кифлите од рерна, одозгора врз секоја ставете по една супена лажица млеко. Им дава мирис, вкус и мекост.

Дали вие имате некој трик кој го користите за печење на тестото? Споделете го со читателите на НМД во коментар. Ви благодариме.