Смртта е нешто што сите нè очекува – без разлика на тоа колку сме здрави, колку добро сме јаделе и сме имале добар стил на живеење, без разлика на тоа колку сме внимавале…

За жал, да се биде млад не значи дека утре не може да се изгуби животот, па не можеме да бидеме сигурни. Исто така, сè уште жив и староста не значат ништо, освен дека сме успеале да ги преживееме сите тие години.

За некого самата помисла на смрт е многу страшна и би сакале таа да се одложи колку е можно подолго. Некои пак, подготвени се секогаш на најлошото, свесни дека овој свет е минлив и дека ќе им биде поубаво на другиот – доколку се религиозни.

Некои едноставно не се заморуваат да размислуваат на оваа тема, а некои пак немаат ни време, бидејќи животот им се претворил во потрага похрана и начини како да ги платат сметките…

Но, кој е првиот знак кој укажува дека животот ни се ближи кон крајот?

Во студијата која била спроведена во текот на 10 години, а во која учествувале повеќе од 1800 луѓе на возраст од 40 до 90 години, било докажано дека оние кои имале ослабен осет за мирис, се изложени на поголем ризик од умирање во следните 10 години.

Овој феномен не е поврзан со појава на деменција, како што порано се мислеше.

Губитокот на мирис може да го предвиди ризикот од смртност – вели д-р Џонас Олофсон од Универзитетот Стокхолм.

Меѓутоа, луѓето кои го губат осетот за мирис привремено, поради настинка, синуситис или некоја траума, не треба да дигаат паника, бидејќи тоа се случува поради други состојби.

Порано, губитокот на мирис се поврзуваше со деменција, тешка депресија и шизофренија, когнитивно оштетување и Паркинсова болест.

Експертите истакнуваат дека губитокот на мирис не е знак за сигурна смрт, туку само може да укажува на ран знак.

Веруваат дека тоа покажува слаба способност на организмот да ги обновува клетките во телото.

Овие резултати покажуваат како олфакторниот систем може да пружи единствена перспектива врз процесот на стареење во мозокот, вели д-р Олофсон.