Уште еден вид старинска пита за љубителите на вкусни раслистани пити какви што ги правеа нашите баби. Има малку крцкава кора, а мека е како душа..неодоливо вкусна. Следете ги чекорите од постапката и нема да погрешите. Секој може да ја направи! Во продолжение прочитајте уште еден рецепт.

Потребни состојки: 5 чаши брашно, 1/2 квасец, 3 лажички сол, вода, масло, маст, околу 200 г сирење.

Постапка: од брашното, солта, квасецот и водата замесете тесто со средна тврдина. Поделете го на 10 топчиња. Секое топче развлечете го со оклагија. По две корички спојувајте ги со масло (јас мешам малку растопена маст и малку масло). Се добиваат 5 мали кори.

Кога ќе завршите со редењето, питата премачкјате ја одозгора со масло и исечете ја на коцки. Треба малку да отстои пред печење. Секоја таква кора уште малку развлечете ја со оклагија во величина на тепсијата или нешто поголема од неа.

Во намастена тепсија бр.28 ставете ја едната кора, а краевите може малку да ги притиснете од ѕидовите на тепсијата. Премачкајте ја со масло и наросете ја со ситно сирење. Постапката повторете ја со сите кори освен со последната.

Пита приготвена на старински, традиционален начин –  сеченица. 

Стара позната македонска пита која се развлекува, па се с ече и затоа добила име „с еченица”. Тестото е многу убаво за работење, а кога ќе се испече – вистинско задоволство! Филот е по ваш избор, може да ја филувате со блитва, сирење, џимиринки.

Потребни состојки: 800 г брашно, 40 г свеж квасец, 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 100 мл масло и околу 400 мл вода. За фил: 1 кг блитва, 1 кромид, 200 г кајмак, 3 јајца, масло, околу 150 мл масло за прскање на корите. Ако питата ја правите со сирење, ќе ви биде потребно околу 200-300 г ситно сирење.

Постапка: филот пригответе го на следниот начин: блитвата се мие убаво, се процедува и се сечка ситно. Потоа, на масло прво се пропржува ситно сечкан кромид, па потоа се додава и блитвата колку да свене и омекне. Се трга од рингла и се остава убаво да се олади.

Потоа се додава кајмакот и јајцата и убаво се промешува и посолува по вкус. Филот се дели на 4 еднакви делови. Од наведените состојки замесете убаво тесто да биде меко како за леб. Оставете го да стасува додека да се удвои и убаво да нарасне.

Потоа истресете го на набрашнета работна површина, малку премесете го, формирајте го како векна за полесно да можете да го поделете на 10 еднакви топчиња. Секое топче со оклагија развлечете го во кравајче со величина од десертна чинија.

Земете четири кравајчиња и наредете ги едно врз друго, намастени помеѓу со масло, освен последното, најгорното. Потоа од овој куп внимателно и полека со оклагијата развлечете голема кора и ставете ја во намастена тепсија бр.36.

Врз кората наросете масло. Развлечете кора од 5-то кравајче, но малку поголема од тепсијата. Навиткајте ја на оклагијата и брановидно ставете ја во тепсијата (со движења лево-десно за да се направат набори). Ставете го рамномерно првиот дел од филот и малку наросете масло.

Секое кравајче тенко го развлекуваме, го ставаме во тепсијата, редиме фил и наросуваме масло. После осмото кравајче го ставаме последниот дел од филот, па ни остануваат уште две кравајчиња. И нив ги развлекуваме во кори, ја ставаме 9. кора, наросуваме малку масло и на крај ја ставаме последната кора.

Питата ја с ечеме со с екач за пица во коцки, до дното на тепсијата. Ако има потреба, со силиконска шпатула ги потискаме сите кори околу тепсијата за да биде рамномерна. Одозгора се наросува со масло и се остава 20-тина минути на топло за да стасува. Потоа се става да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Кога ќе започне убаво да заруменува, се вади од рерна и се напрскува со малку вода и масло, па повторно се враќа во рерна (ова го правам некаде после половина час печење).

Пред крај се вади уште еднаш и повторно се прска со вода и масло, па се враќа во рерна, но овојпат се исклучува рерната. Се остава уште некоја минута, па се вади. Јас не ја покривам со ништо, сама се лади и убаво омекнува. Вкусна и мека останува и следниот ден.